22.4 C
Прилеп
вторник, 7 јули, 2026
Пела Радио

Прилепскиот Завод и Музеј со изложба посветена на Крали Марко

Во организација на НУ „Завод и Музеј“ – Прилеп во петок, 26.12.2025 г., со почеток во 19:00 часот, во Ликовната галерија на НУЦК „Марко Цепенков“ – Прилеп ќе биде отворена изложбата „Балканскиот јунак Марко“.

Изложбата е во година кога се одбележуваат 690 години од раѓањето и 630 години од смртта на Крал Марко (околу 1335 – 17 мај 1395). Тој е историска личност, но истовремено, најпознат јунак на епското народно творештво, не само кај македонците, туку и кај другите народи на Балканот. Со оваа поставака НУ Завод и Музеј – Прилеп ги забележал ,,трагите“ кои ги оставил Марко во сите земји на Балканот и пошироко, но и традицијата која ја негуваат низ разни форми: фрескоживопис, записи, натписи, литературни и ликовни дела, топоними, музејски експонати и многу други нешта поврзани со Марко во разни пори на општественото живеење. Претходното е забележано низ текст и голем број на фотографии.

НУ Завод и Музеј – Прилеп проектот: „Балканскиот јунак Марко“ го реализира во рамките на Програмата за остварување на националниот интерес во областа на културата на Министертството за култура и туризам за 2025 година.

Би можело да ве интересира

Викендов постудено време и снег на планините

Пела Редакција

Водата од локалниот водовод во с. Алинци не е технички исправна за пиење

„Бадниковaта поворкa“ нема да се одржи – Овој пат децата со божиќни честитки до болните

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе