17.1 C
Прилеп
среда, 17 јуни, 2026
Пела Радио

Уште колку автомобили ќе претрпат штета кај Металец пред да реагираат службите?

Дел од улицата „Александар Македонски“ од некогашен Металец до Комфи Ангел се претвори во хорор патешествие за возачите. Околу 200 метри кои што лежат под вода кријат опасни ударни дупки што не можат да ги избегнат возачите бидејќи и во двете насоки има големи длабоки оштетувања на асфалтот кои што не се ниту дупки туку се понор, а покрај тоа има и отворени шахти!

Рака на срце има и „сообраќајна сигнализација“ со која некој сакал да алармира за катастрофалната состојба на улицата:

Периодов со секојдневни дождови  предизвика излевања на каналиската мрежа што пак дополнително го влоши проблемот познат на прилепчани со децении. Дури и со најмала брзина на оваа улица страдаат тркалата, предницата или преносот на автомобилот. Граѓаните реагираат и бараат итна интервенција од надлежните општински служби.

Ова се нивните сведоштва преку фотографии:

 

 

Би можело да ве интересира

Пролетен меѓународен куп Крушево 2019

Комеморација за Илија Велкоски – Ѕаната од прилепските социјалдемократи

Божиновски: Сите прилепчани треба да одат во музеј да го видат најстариот надземен храм (ВИДЕО)

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе