23.4 C
Прилеп
среда, 24 јуни, 2026
Пела Радио

Интернационалниот џез викенд финишира вечерва

Седмиот „Џез викенд“ во Прилеп и на вториот фестивалски ден имаше богата понуда. Публиката уживаше во настапите на бендот на Васил Хаџиманов, грчкиот „Палете Ансамбл“ предводен од саксофонистот Сократис Вотскос, како и на Јордан Костов и интернационалниот состав „Шангај Интенс“. Познатиот џезер Јордан Костов, настапи за прв пат на џез сцената во Центарот за култура „Марко Цепенков“ .
Многубројната публика уживаше во виртузните изведби на учесниците.
Денеска е третиот и последен фестивалски ден од Интернационалниот џез викенд.

Познатите џез имиња како што се Јаков Дренковски, французите „Ле Бал Пури“ и српскиот бенд „Деца Лоших Музичара“, се гаранција за уште едно незаборавно музичко доживување на летната сцена од Центарот за култура.
„Џез викендот“, кој е во организација на Општина Прилеп и кој станува препознатлив бренд на градот под Марковите кули, го презентира музичкото творештво во светот на џезот пред прилепската публика, со основна идеја за поинаков урбан Прилеп и заложби за следење на вистинските светски културни вредности.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Вински салон во Битола, во организација на Слоу фуд Македонија

Советот на Општина Прилеп ја одржа 50 тата редовна, а втора онлајн седница

ПОРАДИ ТОПЛОТНИОТ БРАН ВЛАДАТА ПРЕПОРАЧА ОСЛОБОДУВАЊЕ ОД РАБОТНИ ОБВРСКИ НА ТРУДНИЦИ И ЛИЦА НАД 60 ГОДИНИ

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе