5.1 C
Прилеп
четврток, 12 декември, 2024
Пела Радио

Царовска во Прилеп: “Влезот на Македонија во ЕУ можност за искористувањето на европските фондови“

Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска го посети Центарот за деца со церебрална парализа кој е во фаза на доуредување  и Домот за стари лица “Киро Крстески Платник“ –  Прилеп. На оваа посета на Прилеп таа нагласи дека влезот на Македонија во ЕУ е можност за искористувањето на европските фондови за социјални услуги на локално ниво.

„И, ако ме прашате што значи Европа, Европа значи токму тоа институците да им служат на сите граѓани подеднакво, значат фондови за социјални услуги на локално ниво кои ќе ги поддржат граѓаните во секојдневното живеење,  значи создаваме услови да родителите се на работа, а децата се во предучилишно образование и добивата еднаков старт и оние од руралните средини и оние од градските средини. Во моментов се гради градинка и во Кривогаштани и таа ќе биде стартувана до крајот на оваа година. Токму затоа ги повикувам сиите граѓани на 30 септември да излезат и сите заедно да кажеме ДА за Европска Македонија“, рече Царовска пред  посетата на објектот Дневниот центар за деца со церабрална парализа кој треба да биде пуште на 15-ти септември.

При посета на домот за стари лица „Киро Крстески – Платник“ во Прилеп министерката рекла:  „Верувам дека само со соработка на локалната самоуправа и централната власт, може да ги подобриме условите во сите институции, вклучително и институциите за стари лица. И очекувам дека тоа во наредниот период, ќе биде сработено“,

Генералната оценка е  дека треба и натаму да се работи на подобрување на условите во домот и дека со пристапот на Македонија кон ЕУ,  ќе се отвораат можности и услови преку фондовите на ЕУ, да се подобрат и условите во оваа и други институции за згрижување на старите лица.

 

 

Би можело да ве интересира

Црвен тепих на хуманоста – дарување и љубов, божиќни песни и радост !

Бадникови поворки Прилеп, над 200 дечиња кои носат радост

Пела Редакција

Тешко повреден мотоциклист при судар со автомобил

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе