16.1 C
Прилеп
четврток, 4 јуни, 2026
Пела Радио

ФК Победа пред советниците

Повеќе од еден час советниците расправаа за состојбата со ФК Победа по предлог на советникот од Левица, Жарко Стеваноски, кој достави „предлог – заклучок за интервенција до ЕЛС Општина Прилеп во решавањето на статусот на Друштвото за спортски активности Фудбалски клуб Победа АД Прилеп“, со порака: „ФК Победа не смее да згасне“.

„Со ваква трансформација би се овозможил континуитет во постоењето и натпреварувањето на клубот, како и контролирано и транспарентно финансиско работење под надзор на Општина Прилеп.“ објасни советникот пред советниците.

Пред неколку дена и советниците на СДСМ и коалицијата во Советот на Општина Прилеп доставија барање за итна седница за истата состојба со ФК Победа.

По предлог точката, на седницата се дискутираше за важноста од постоењето на ФК Победа, опозицијата образложуваше со свои ставови, предлози, но предлог иницијативата не се најде како точка на дневниот ред со гласање на мнозинство гласови од Советот на Општина Прилеп.

Претседателот на Советот на Општина Прилеп за непоставување на оваа точка на дневниот ред образложи:

„Во однос на поднесеното барање на член на советот, г-н Жарко Стеваноски, за ставање на точка на дневен ред „Предлог-заклучок за интервенција ЕЛС Општина Прилеп во решавањето на статусот на Друштвото за спортски активности Фудбалски клуб Победа АД Прилеп“, според законската регулатива, Советот на Општина одлучува за прашања од локално занчање, истовремено согласно Законот за спорт општината има ингеренции во делот за развој и поддршка на спортот, но нема законска обврска да интервенира во управувањето на статусните прашања и работењето на трговските друштва.

ФК Победа функционира како акционерско друштво, односно правен субјект организиран за трговски друштва, и, како такво не пртставува установа која е основана од Општината, ниту е под надлежност на Советот на Општина Прилеп.

Оттука, Советот нема законска основа да донесува заклучоци со кои би се интервенирало и влијаело на статусните, управувачките и организациските прашања на едно акционерско друштво. Основниот, единствен основ за евентуална поддршка од страна на Општината во областа на спортот е преку јавен повик за финансирање на програми и проекти на здруженија и спортски субјекти, согласно важечкиот правилник и програмата за спорт, со подеднакви услови за сите апликанти.“  образложи Претсетаделката на Совет на Општина Прилеп, Билјана Кржеска и ја стави точката на дневен ред за гласање.

Би можело да ве интересира

Ќе се реши ли проблемот со водоснабдувањето во населеното место Канатларци?!

Декларација „Зборот на Конески, гајдата на Пеце“ за здружено делување на две манифестации

Пела Редакција

Од денеска поевтинија бензинот, дизел горивото и мазутот

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе