22.4 C
Прилеп
вторник, 7 јули, 2026
Пела Радио

(видео) Херој од секојдневието со срце поголемо од страв

Приказната започнува кога девојката случајно поминувала тука, на улица Кузман Јосифоски Питу. И, го здогледува кученцето во напуштента куќа кое било заглавено во прозорецот. Иако теренот не бил пристапен, љубовта кон животните ја натерало на овој  несекојдневен херојски потег .

Во момент на опасност, кога сè висеше на конец, таа не размислуваше – реагираше. Без двоумење, девојката се фрли кон прозорецот и го фати кучето токму пред да падне. Со срце посилно од стравот и рефлекси побрзи од мислата, таа му го спаси животот. Во нејзините раце, кучето најде не само спас, туку и својот херој. „Јас си знам како се качив , па и како се симнав со моите 100+кг ама душата ми е полна..“ напиша таа

Загрозувајќи ја споствената безбедност, качувајќи се по руинираните скали Англеа Конева, само потврдува дека човечноста и хуманоста се присутни на овој свет. Конева е наш  херој од секојдневието! Таа на ФБ Напиша

„Мисијата успешна Случајно поминав, луѓе стојат бараат начин да го симнат, иако теренот не е баш пристапен љубовта кон животните беше посилна. Јас си знам како се качив , па и како се симнав со моите 100+кг ама душата ми е полна… И благодарам и на девојката што го снимила моментот, ова не го објавувам за фалање ами за поттик на сите сограѓани кога животните се беспомошни да им помогнат… Пс. Пред да ме осудите и мене и дечкото како го креваме кучето само да кажам дека скали нема се качив по ѕидот и терасата е испукана можевме заедно да се срушиме “

Би можело да ве интересира

„SORRY“ на Витаминка – Првата целосно AI реклама во прехранбената индустрија

Два пункта за тестирање на Ковид 19 во Прилеп

ИН МЕМОРИАМ – Почина Ристо Тошески, Туло, спортски работник, уметник

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе