19.1 C
Прилеп
среда, 17 јуни, 2026
Пела Радио

Документарниот филм Антипод во хуманитарна мисија за малата Ева

Документарниот филм „Антипод“ на режисерот Бојан Секулоски, во кој главната улога е на прилепчанецот Дарко Неданоски, спелеолог, спасител, еден од најистакнатите истражувачи на подземниот свет во Македонија и хуманитарец, ќе се прикажува во Прилеп.

Хуманитарна проекција на документарниот филм  е закажана за 26 март, четврток во киното Мис Стон со почеток од 19 часот.

Средствата од секој купен билет ќе бидат наменети за помош во лекувањето на малата Ева.  Десет годишната Ева е девојче кое се бори со е бори со агресивна форма на остеосарком (редок малиген рак на коските) кој бара интензивен и долготраен третман. Секој купен билет е чекор поблиску до надеж за малата Ева, која води тешка битка и има потреба од нашата поддршка.
Картите по цена од 200 денари се во продажба во Кафе Лувр во Прилеп.

Хуманитарната акција за прибирање донации за малата Ева е во тек на следниот линк  

Документарниот филм Антипод втор пат се прикажува во Прилеп, но за прв пат има и хуманитарна улога за помош и со срце за малата Ема.

Би можело да ве интересира

Започнува скринингот на вработените во градинките

(ВИДЕО)Законски измени, санкции и физичко обезбедување бараат вработените од МЦСР-Прилеп

Водата од неколку локални чешми е неисправна за пиење

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе