18.3 C
Прилеп
среда, 8 јули, 2026
Пела Радио

Владиката Никола избран за Митрополит Австралиско-новозеландски

На седницата на Светиот архијерејски синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија на 19 март 2026 година, Неговото Преосвештенство Епископот Велички г. Никола е избран за Митрополит Австралиско-новозеландски.

Замонашен е во манастирот „Свето Преображение“ во Зрзе во 1998 година. Истата година е ракоположен во ѓаконски чин, а идната година во свештенички чин. Ракопроизведен е во игуменско достоинство во 2006 година и поставен е за старешина на манастирот „Свети Никола“ во Мариово. Од почетокот на 2008 година активно се посветува на ревитализацијата на овој манастирски комплекс, се прават редица конзерваторско-реставраторски зафати во црквата, се обновува богослужбениот и духовниот поредок, се развива манастирската економија.

Австралиско-новозеландска епархија е една од 15-те епархии на Македонската православна црква. Таа е една од четирите епархии надвор од Македонија и има јурисдикција за териториите на Австралија, Нов Зеланд и териториите околу нив. Од 1995 година администратор на епархијата беше Митрополитот Преспанско-пелагониски,г. Петар. И, токум по предлогот на Митрополитот Преспанско-пелагониски и администратор Австралиско-новозелански г. Петар да биде разрешен од должноста администратор Австралиско-новозеландски,  Светиот архијерејски синод го усвои неговиот предлог, го разреши и го избра Епископот Велички г. Никола (Трајковски), со титула Митрополит Австралиско-новозеландски.

Новоизбраниот Митрополит Никола е роден во 1974 година во Скопје. Дипломирал на Катедрата за општа и компаративна книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, во Скопје. Остварува двогодишен студиски престој на Катедрата по византологија на Карловиот универзитет во Прага, каде се образува во областа на средновековната литература.

Во 2012 година е ракопроизведен во чин архимандрит. Во 2023 година е избран за викарен архијереј на Преспанско-пелагониската епархија, со титулата епископ Велички, а во 2024 година во соборниот храм „Свети великомаченик Димитриј“ во Битола е ракоположен во епископски чин.

Би можело да ве интересира

Македонија го чествува споменот и делото на Свети Климент Охридски

Уапсени четворица прилепчани

По дождот во Прилеп дојде целиот отпад…

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе