23.3 C
Прилеп
среда, 17 јуни, 2026
Пела Радио

Акција за пошумување на Денот на пролетта – засадени 6.000 дабови садници

Денеска, како дел од проектот „Пошумување на споменикот на природата Маркови Кули“, финансиран од Бирото за регионален развој, се одржа акција за пошумивме на дел од локалитетот над новите градски гробишта со 6.000 садници на даб. Со акцијата за пошмување на дел од локалитетот Маркову Кули,  Прилеп го одбележа Денот на пролетта и Денот на екологијата.

„Со ова ја зачувуваме природата, го зајакнуваме културното наследство и ја покажуваме нашата посветеност кон иднината на Прилеп. Обезбедена е и дополнителна опрема која ќе им биде на располагање на сите граѓани и волонтери кои сакаат да се вклучат во идни вакви акции за пошумување.Огромна благодарност до сите граѓани, здруженија и институции кои се приклучија и помогнаа! Заедно ја чуваме природата и ја градиме иднината на нашиот Прилеп!“ истакна градоначалникот на Прилеп,Дејан Проданоски.

Акцијата ја организираа локалните власти во соработка со еколошки здруженија, ученици, наставници и граѓани-волонтери. Целта е подобрување на квалитетот на воздухот, заштита од ерозија и зголемување на зелените површини.

„Мене ми е навистина мило тоа што го гледам овде. Секоја им чест за Општината и ЈКП „Комуналец“, кои го организираат ова што го гледате денес и ден претходно. Најголемо задоволство ми прави тоа што гледам и најмали дечиња кои се одзваа на поканата на Општината, со своите родители да дадат еден придонес кон ова што треба да биде слика во цела Македонија.“ истакна, заменик‑директорот на ЈП „Македонски шуми“, Кире Михаилов.

„Сакаме да упатиме еден апел до сите граѓани на Општина Прилеп да се охрабрат и во иднина да организираат се повеќе вакви акции за пошумување, а Општина Прилеп и ЈП Комуналец и опремата која веќе ја имаме набавено ќе им стојат на располагање заедно да ги сработиме сите тие работи.“посочи проектниот координатор, Гоце Бојкоски .

Организаторите истакнаа дека ова е само почеток на поширок план за пошумување на прилепскиот регион, со цел создавање поздрава и поодржлива животна средина.
Покрај садниците, Општина Прилеп обезбеди и значајна опрема за идни акции, меѓу кои: Трактор, 25 дупчалки за садење и околу 100 парчиња друг алат. Оваа опрема во иднина ќе им биде на располагање на сите граѓани и доброволци кои сакаат да се вклучат во активности за пошумување и унапредување на животната средина.

Би можело да ве интересира

Почина Драган Вучиќ од компликации со коронавирусот

МЦСР-Прилеп со упатства до корисниците согласно мерките за превенција

Златна плакета за ликовниот уметник Кирил Гегоски, ова се останатите добитници на Третоноемвриските награди:

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе