19.1 C
Прилеп
среда, 17 јуни, 2026
Пела Радио

Преку дијалогот со граѓаните до доверба за подобра иднина на Прилеп

Во просториите на Општината доцна попладнево се одржа редовниот “Приемен ден на градоначалникот“, на кој граѓаните имаа можност директно да ги изложат своите проблеми, предлози и идеи. Десетици жители од различни делови на градот дојдоа за да разговараат за прашања поврзани со инфраструктурата, комуналните услуги, урбанистичките планови и социјалната поддршка.

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски потенцира дека оваа средбата е закажана во попладневните часови за да се почитува работнот време на граѓаните и посочи дека ваквите средби се од особено значење за подобрување на комуникацијата меѓу локалната власт и граѓаните.  “Средбите лице в лице се најдиректниот и најискрен начин да се слушне гласот на граѓаните и да се најдат вистинските решенија за нашиот Прилеп. Затоа непосредната комуникација со граѓаните останува еден од најважните делови од мојата работа. Нашата цел е да ги слушнеме потребите на секој жител и да најдеме практични решенија.  Само преку директен дијалог можеме да изградиме доверба и да обезбедиме поефикасно управување. Дијалогот, довербата и заедничката работа се клучни за подобра иднина на Прилеп,“ објави тој.

Граѓаните кои присуствувале на приемниот ден изразиле задоволство од можноста лично да разговараат со градоначалникот и да добијат конкретни одговори. Некои од нив побарале подобрување на уличното осветлување, некој уредување на нивната улица, други укажале на потребата од нови зелени површини, а имало и неколку граѓански предлози за поквалитетно живеење во Општина Прилеп.

Општината најави дека ваквите приемни денови ќе продолжат да се организираат редовно, со цел да се обезбеди поголема транспарентност и учество на граѓаните во процесите на донесување одлуки.

Би можело да ве интересира

Проданоски: Нека е вечен Илинден, нека е вечна нашата татковина Република Македонија!

Пела Редакција

Љубојна со концерт под Градскиот Саат во Прилеп

РАДИО ПЕЛА ЗАКИТИ СО ПРИЗНАНИЈА 13 ВЕЛИЧЕСТВЕНИ ПРИЛЕПЧАНИ

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе