29.4 C
Прилеп
вторник, 14 јули, 2026
Пела Радио

За 4 саати казнети 27 возачи во пелагониско поради возење под дејство на алкохол

На 26/27.02.2022 во периодот од 22.00 до 02.00 часот на подрачјето на СВР Битола спроведена е акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол.

При контролата констатирани и законски санкционирани биле 27 возачи. Најголемиот број од санкционираните се на подрачјето на Битола – 12, на подрачјето на Прилеп – девет, по два на подрачјето на Ресен и Демир Хисар и по еден возач на подрачјето на Македонски Брод и Крушево. За време на контролата биле санкционирани и 25 останати прекршоци, соопштуваат од СВР Битола

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Би можело да ве интересира

Тешко повреден мотоциклист во сообраќајна несреќа во Кривогаштани

Тепачка на 8 малолетници во Точила го нарушил јавниот мир

Жена фатена како кради во продавница

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе