30.2 C
Прилеп
вторник, 14 јули, 2026
Пела Радио

Не може да се допоправи јавното добро, колку што ние (граѓаните) можеме да рушиме и уништуваме

Екипите на ЈКП Комуналец Прилеп извршија поправка на оштетените куќарки во паркот кај Основниот суд Прилеп, еден од најпосетените и најубавите парковски површини во центарот на  градот. Простор важи за едно од најомилените места за одмор и рекреација на граѓанит, но и простор кој најмногу е оштетуван и уништувам од граѓаните, или ,како што знаеме популарно да речиме од „несовесните граѓани„
Извршивме поправка на оштетените куќарки во паркот кај Основниот суд. Ова е еден од најубавите и најпосетени паркови во градов. Но, и еден од парковите каде има чести оштетувања на урбаната опрема“ посочуваат од ЈКП “Комуналец“
Јавното добро е најсилно кога граѓаните го бранат, а не кога го рушат. Парковите не се приватна сопственост, туку заедничко добро. Кога некој ќе скрши лулашка или ќе исече дрво или ја уништува урбаната опрема, тој не му штети само на општината, туку на сите нас. Затоа ова не е само материјална штета, (таа се надополнува од нашиот буџет), туку е повеќе од тоа –  директен напад врз јавниот интерес и  не можноста да се води постојана битка нештото да се одржи  во овој град.
Граѓаните мора да разберат дека јавните добра се огледало на нашата култура и одговорност. Ако ги уништуваме, покажуваме дека не ја цениме заедницата во која живееме. Потребна е поголема културна наобразба и јавна  свест, но и построги мерки за пркршителите, редовни инспекции, казни за вандализам и кампањи за едукација.
Парковите можат да бидат убави и функционални само ако сите заедно ги чуваме!

Би можело да ве интересира

Четврт ден се трага по Петар во мариовско, вклучени над 100 полицајци, доброволци, хелихоптер

Заев: Поголема конкуренција за тутунскиот откуп и повисоки субвенции за наредната реколта

Потоп во Битола, поплавени улици, домови и визби

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе