23 C
Прилеп
вторник, 14 јули, 2026
Пела Радио

Овековечување на делото на Ѓорѓи Ачески-Аче, промоција на монографија и Камерна галерија „Аче“

НУ Завод и Музеј Прилеп со свечена програма ќе го одбележат животот и делото на еден од највпечатливите хроничари на нашето поднебје Ѓорѓи Ачески – Аче, в среда на 8 ми април, во  „Бабанеделино“ училиште – Камерна галерија „Аче“, Прилеп.

Вечерта ќе биде посветена на зачувувањето на колективната меморија неколку настани. Ќе биде промовирана монографијата „Еден музеј на една архитектура“ – дело кое низ цртежи, записи и сеќавања ја документира „сиромашно убавата“ македонска архитектура. ️ Воедно, ќе биде отворен нов културен простор во Прилеп – Камерна галерија „Аче – .  Вечерта присутните ќе проследат дигитална презентација – Аче последниот боем со цртежи во сопственост на МАНУ, Националната галерија и приватни колекции.

За ликот на Аче, за боемскиот Прилеп и за „’ркулците“ на македонската ликовна уметност ќе говорат:  Мимоза Христоска (директорка на НУ Завод и музеј – Прилеп)  Елизабета Иваноска (кустос)  Александар Еленин (претставник на списанието „Стремеж“)  Кирил Гегоски (уметник и пријател на Аче)

Модератор на настанот: П. Зареска, виш кустос.

Вечерта посветена на Ѓорѓи Ачески – Аче несомнено ќе биде заедничка прошетка низ калдрмисаните улички на минатото и да му оддадеме почит на последниот прилепски боем кој со блок во рака ја овековечи нашата историја. ️️

Би можело да ве интересира

Католиците го слават Велигден

Пела Редакција

Витаминка партнер на ФФМ за младинскиот фудбал и Детската лига

Пела Редакција

(ВИДЕО)Пиво Фестивал 2025 – тридневна забава со вкус на пиво, скара зачинета со хумор

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе