30.2 C
Прилеп
вторник, 14 јули, 2026
Пела Радио

Цената на течниот нафтен гас, плинот, намалена за 5 денари по литар

Цената на течниот нафтен гас – плинот од денеска е пониска, откако на пазарот е регистрирано намалување и во малопродажбата и во трговијата на големо.

Од полноќ „Макпетрол“ ја намалил малопродажната цена на плинот за 5 денари по литар – од 59 на 54 денари. Истовремено, во трговијата на големо е евидентирано намалување од 10 денари по килограм, што во пресметка значи приближно 5 денари по литар.

„Она што е особено значајно е дека и останатите компании на пазарот го следат овој тренд. Во малопродажба, цените на течен нафтен гас на бензинските станици веќе се намалени во распон од 5 до 6 денари по литар и се движат од 53 до 54 денари,“  потенцираше на прес-конференција портпаролот на Владата Марија Митева која изрази благодарност за општествената одговорност која што е покажана.

Според Митева мерката е преземена врз основа на детална анализа спроведена од Државниот пазарен инспекторат, дека биле детектирани просторите за корекција во ценовната структура, по што следувале разговори со трговците и постигнување договор за намалување на бруто маржите за течниот нафтен гас (ТНГ).

 

Би можело да ве интересира

Детектиран нов обид на кражба на вода

Маестрален концерт на прилепскиот хор „Керамија“ (ВИДЕО)

Нова донација на „Комфи Ангел“, овој пат во Кичево

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе