23.7 C
Прилеп
среда, 17 јуни, 2026
Пела Радио

Пролетна акција на ЈКП Комуналец со поддршка на Витаминка за разубавување на Прилеп

На улицата „Прилепски бранители“, на потегот од семафорите до кружниот тек кај Здравствен дом од двете страни на улицата , се реализираше акцијата за засадување на зимзелени, украсни и грмушкести растенија. Засадувањето го спроведе ЈКП „Комуналец“ – Прилеп, во соработка со Локалната самоуправа и ПИ Витаминка, која годинава прославува 70 години од своето постоење.

„Беа засадени златна и зелена туја, фотинија, тен-тен, јапонициус, украсна ружа, и др. видови украсни растенија, со што просторот доби подобар освежен, уреден и урбан изглед. Уредувањето на централното градско јадро е со цел збогатување на визуелниот амбиент и јавниот простор,“ велат од ЈКП Комуналец.
Пролетната акција за зелен Прилеп ќе продолжи и наредниве денови со засадување на булеварските жардиниери, комплетно уредување и озеленување на цветните улички и други зелени и парковски површини.

ЈКП Комуналец упати благодарност до Прехранбената индистрија Витаминка за гестот и поддршката како општествено одговорна компанија и кога е во прашање комуналното уредување на Прилеп.

Би можело да ве интересира

Насилството има лице, затоа: Препознаj, Блокирај, Пријави! (ВИДЕО)

МВР: Блокирање на автопати е спротивно на законот

Прилепска промоција на „Ex nihilo: Репортажна поезија за Андалузија“ од Звонко Димоски

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе