25.6 C
Прилеп
среда, 24 јуни, 2026
Пела Радио

Проданоски им оддаде почит на сите работници кои придонесуваат за развој на Прилеп

По повод Меѓународниот ден на трудот, Први Мај,  градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски потенцира дека успехот и напредокот на заедницата зависи од трудот  на работниците.”Тие се темел за развој на Општина Прилеп”, вели Проданоски во својата првомајска честитка.

– Ви го честитам денешниот празник, Меѓународниот ден на трудот – Први Мај, посветен на достоинството, правата и придонесот на работниците во креирањето на квалитетна заедница. Овој празник е потсетник дека секој успех на нашето општество се гради врз трудот, упорноста и посветеноста на луѓето кои секојдневно вложуваат енергија за подобро утре.

Секојдневно треба да им оддаваме признание на сите наши работници и оние од фабриките, и оние од канцелариите, училиштата, болниците, полињата и институциите. Почитувани, вашата работа е темелот на развојот на нашиот град. Од вас зависи нашиот напредок како општина и како држава, а наша должност, како избрани претставници, е да обезбедиме достоинствени услови за работа и плата соодветна на вложениот труд и знаење.

Нека овој ден биде инспирација за работничка солидарност и почит кон трудот.

Затоа, заедно, со работа и посветеност, да градиме подобра сегашност и подобра иднина за нашите генерации.
Ви посакувам здравје, напредок и успех во вашата работа и достоинствен труд!

Честит нека ни е Меѓународниот ден на трудот!- напиша на ФБ профилот, градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски .

Би можело да ве интересира

Ново слатко задовлоство доаѓа од Витаминка – бонбониерата “Sorry” и се’ Ви е простено

Уште 2 месеца он-лајн настава за учениците од Гимназијата

Mнозинско „Да„ по сите точки на денвен ред

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе