16.4 C
Прилеп
четврток, 4 јуни, 2026
Пела Радио

„Педали и приказни“ одговара на предизвиците кои  ја отвораат културата кон улицата, создават простор за дијалог, уметност и активизам

Форум за Авангардна Креативност – Прилеп (ФАК) и NGO Go Green  в среда (13.мај 2026г) , по четврт пат го реализирааат проектот „Педали и приказни“. Проектот вклучува културни работници и уметници и ги реализира следниве активности: проекција на филмови на јавен простор и изработка на мурал.

Вело-културата е недоволно развиена и сè уште не е препозната како дел од одржливиот урбан живот, иако има потенцијал да ги поврзе луѓето со градот, со природата и едни со други, велат организаторите, па проектот „Педали и приказни“ одговара на предизвици кои  ја отвораат културата кон улицата, создават простор за дијалог, уметност и активизам и ја приближуват до заедницата преку пристапен, одржлив и ангажиран формат.

Во рамките на четвртата епизода, во среда на 13.мај 2026г, граѓаните на Прилеп ќе можат да бидат дел и да учествуваат во следните активности:

17.00 – 19.30 DJ PETE
18.30 Критична маса (возење на велосипед низ прилепските улици)
19.30 Проекција на ЕКО филмови
„Слобода на две тркала“
„Велоаџилак“

Паралелно со активностите кои се одвиваат на плоштадот во центарот на градот и низ прилепските улици, учениците и нивните ментори во СОУ Ристе Ристески Ричко ќе изработуваат мурал кој ќе биде презентиран пред прилепската јавност во последната епизода од проектот.

Целта на настанот е поквалитетно искористување на јавниот простор како место за култура, слободен израз и граѓанска поврзаност,велат организаториете кои сметаат дека културните настани главно се одвиваат во затворени, институционализирани формати што исклучува многу граѓани, особено млади луѓе и ги прави маргинализирани групи.

Проектот „Педали и приказни“ е помогнати од фондацијата HEARTEFACT, во соработка со Општина Прилеп, НУЦК Марко Цепенков, СОУ Ристе Ристески Ричко, СОУ Ѓорче Петров и CLS Equipment.

Би можело да ве интересира

🚲Вело тура за култура на 20 октомври-четврто издание

Пела Редакција

(ФОТО)Со изложба и презентација во СОУ „Р.Р.Ричко“ одбележани 110 години од Македонскиот фронт во Првата светска војна

Пела Редакција

Целовечерен концерт на Трио Интерарт

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе