7.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Витаминка на рускиот саем „МИР ПИТАНИЕ 2018“

Република Македонија со Национален штанд се претставува на најголемиот прехрамбен саем во Југоисточна Европа „МИР ПИТАНИЕ 2018“ (WORLD FOOD 2018) кој денеска на свечен начин е отворен во Москва, во Руската Федерација. До 20 септември 2018 година дванаесет македонски компании, производители и преработувачи на свежо овошје и зеленчук, ги излагаат своите производи пред посетителите на саемот и бизнис- круговите од овој дел на светот.

Настапот на македонските компании е во организација на Македонско-руската стопанска комора и со финансиска поддршка на ресорното Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Македонија. Национален штанд на Македонија се простира на 90 квадратни метри, а бизнис – делегацијата составена од 25 деловни луѓе ја предводи м-р Дејан Бешлиев, извршен директор на Македонско-руската стопанска комора. Покрај останатите компании на националниот штанд на Македонија на саемот во Москва со свој посебен штанд на московскиот саем има компанијата „Витаминка“ од Прилеп.
Во московскиот „Експоцентар“, каде што се одржува саемот, излагаат 1600 компании од 62 држави.Во просек изложбата на храна ја посетуваат преку 30.000 посетители од 79 региони во Русија и 90 други држави. Дури 25.000 посетители или 84 отсто од посетителите влијаат на одлучувањето за купување на производи презентирани на саемските штандови.

Би можело да ве интересира

Лозарите од Тиквешијата не го предаваат родот за понижувачка цена (ВИДЕО)

Гордана Цветаноска

Прилеп: Инфо – ден за јавeн повик од Фондот за иновации и технолошки развој

Прилепска Победа со историски одлуки – Јакимоска на чело на клубот

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе