30.6 C
Прилеп
вторник, 14 јули, 2026
Пела Радио

Победа обезбеди уште три бода против Ренова

Во натпревар од 5-тото коло на Првата лига фудбалерите на Победа, во Битола ја совладаа екипата на Ренова со минимален резултат 1-0, полувреме 1-0.
Победникот беше решен во 9-тата минута кога по двојното проигрување со Евремов – Нвабузе , проигран беше Мустафов кој со одмерен удар под пречката ја затресе гостинската мрежа.
Вториот дел не донесе поголеми возбудувања. Ренова имаше привидна иницијатива. Победникот беше решен во 61-та минута кога Абдула заработи црвен картон удирајќи го со нога Драгарски. Победа иако и третпат имаше ирач повеќе сезонава до крајот не постигна втор гол.
Во следното 6-то коло на Првата лига Победа повторно ќе биде домаќин овојпат на А.Пандев.
Веќе наредна средба ја очекува Победа во среда на 19 септември од програмата на првите натпревари од 1/8-минафиналето во Купот на Македонија. Победа на првиот осминафинален меч ќе гостува на второлигашот Гостивар.

Би можело да ве интересира

Без примен гол – до шампион на Македонија !

РК Прилеп во Универзална, Победа има понуда од сериозен инвеститор (ВИДЕО)

Без многу пишувања и објаснувања – навивачите организирано во Скопје за своите црвено бели (ФОТО)

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе