27.5 C
Прилеп
понеделник, 13 јули, 2026
Пела Радио

(ВИДЕО)-Прилепските боксери во одлично издание на 32-то државно првенство

На 30 и 31 мај 2026 година во ФФК спортската сала “МАКЕДОНСКИ ХЕРОИ” во одлична организација се одржа 32то државно првенство во бокс во организација на Македонската Боксерска Федерација и боксерскиот клуб Аперкат од Скопје. Од боксерскиот клуб “АС” од Прилеп учествуваа 7 боксери. Во У15 кадетска конкуренција настапија: Амет Бузески до 52кг. Илин Димоски до 54 кг, Лука Коруноски +76кг. Во У17 јуниорска конкуренција настапија:  Валентин Стризлоски до 70 кг.  Давид Карапеев до 80 кг. Во У19 младинска конкуренција до 70 кг.,Влатко Диmeски.

Во елиминационите борби во саботата нашите боксери настапија со одлично прикажани борби . Илин Димоски во полуфиналето загиби на бодови со добро прикажана борба против боксер од Бк Шкендија Но Лимит, а наша прогноза дека за брзо време ќе биде конкурентен во шампионските места. Илин мораше да се задоволи со бронзениот медал. Во полу финалето Давид Карапеев победи убедливо на бодови против боксер од Бк Шкупи. Во четврт финалето Влатко Димески загуби од домашниот боксер на Бк Аперкат , а борбата беше една од најдобрите борби на денот.

Во неделата,во полу финалната борба Мартин Трајкоски загуби во равноправна борба против искусниот боксер од Куманово 84 и остана на бронзениот медал. Финалето за нашиот не поразен боксер Амет Бузоски беше во целосна иницијатива против боксерот од Шкендија Но Лимит, и го освои златниот медал. Младиот Лука Коруноски во финалето загуби од боксер на Бк Шкупи, и го освои сребрениот медал. Не поразениот Валентин Стризлоски во финалето загуби од боксер на Бк Универзалци, и го освои сребрениот медал. Последниот  финалист и перспективен боксер Давид Карапеев од Бк Ас, победи со прекин во втората рунда и го декласира боксерот на Бк Фамилија Демирови, златниот медал е кај Карапеев и го обезбеди местото за дел од Македонската боксерска репрезентација.

 

Би можело да ве интересира

(Видео) Македонското знаме формирано од 1200 ученици во чест на 11ти Октомври

Димоски : Треба заеднички сите да ја вратиме Победа на старите патеки (ВИДЕО)

Никола Димески

Новиот филм „Кајмак“ на Манчевски ќе се прикажува во Прилеп

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе