21.3 C
Прилеп
понеделник, 22 јуни, 2026
Пела Радио

Прилеп го одбележа Денот на згрижувачки семејства со апел дека секоје дете заслужува семејство

По повод 1 јуни, Денот на згрижувачките семејства и Денот на детето, во организација на Центарот за поддршка на згрижувачки семејства – Битола, МЦСР – Прилеп, со поддршка на општина Прилеп денеска во Прилеп се одржа настан се одржува настан за поддршка и промоција на згрижувањето како хумана форма на грижа за децата и поттик за нови згрижувачки семејства.

Згрижувачки семејстава од 10 градови од Пелгонискиот и Југозападниот регион, заедно со претставници на институции дискутираа за важност од оваа форма на грижа на децата, бидејќи како што истакнаа секое дете треба да расте во безбедна, стабилна и поддржувачка семејна средина, исполнета со љубов, внимание и сигурност.

„Од 60 згрижувачки семејства во Пелагонискиот регион, 25 се во Прилеп, што е уште една причина плус, за потик на наши сограѓани кои имаат можности и услови, да станат згрижувачки и да станат хумани. Државата финансиски ги помага згрижувачките семејства и ова е едно од најхуманите дела кои може да се направи затоа што секоје дете заслужува да биде во семејство, место во кое ќе му биде пружена љубов и ќе грижа за правилен развој. Прилеп сериозно работи на социјалната политика и заштита на ранливите категории граѓани. Направивме згрижувачки центри за деца со посебни потреби, креиравме Центар за активно старење, во програмата одвојуваме средства и даваме поддршка за новороденчиња, поточно имаме едне цел пакет како што и е потребен на една урбана општина за грижа на своите граѓани.“, истакна градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски.

„ Во двата региони, Пелагонискиот и Југозападниот регион, има 120 згрижувачки семејства во кои се згрижени 60 деца и возрасни. Само со заедничка соработка на локално ниво и со стручна поддршка на центрите за социјална работа може да се унапреди згрижувањето и да го направиме поквалитетно замена за биолошкото семејство, “ истакна Јасмина Колчакоска , од Центарот за поддршка на згрижувачки семејства – Битола.

Организаторите упатија и апел до граѓаните да се информираат за можностите за згрижување и да се вклучат во оваа хумана мисија која има директно влијание врз животот на децата без родителска грижа, бидејќи сеуште има потреба од 20/30 згрижувачки семејства за деца кои имаат потреба од дом, нагласија тие.

 

Би можело да ве интересира

„Замрзнати“ дел од цените на основните продукти

(Видео-Фото) “Prilep Special Show„ – фризерско шоу за кое уште долго ќе се прераскажува!

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе