18 C
Прилеп
вторник, 14 јули, 2026
Пела Радио

Во киното Мис Стон документарен филм “Железна тврдина” базирана на случки на лица со психички нарушувања

НА 3-ТИ ЈУНИ во  20:00, Во киното„Мис Стон“ – Прилеп, ќе се одржи проекција на новиот филм во продукција на Пиреј Филм  “Железна тврдина – Филмска работилница”, во режија на Митко Панов.

Актерската екипа е составена од штитениците на Центарот за Рехабилитацијана Психијатриската Болница во Демир-Хисар, заедно со гостите во филмот , меѓу кои; Игор Џамбазов, Васко Тодоров, Синоличка Трпкова, Благоја Грујовски, Атиџе Муратова

 Филмот е снимен во соработка на Н.О. НЕБО, од Суводол, предводена од Јасмина Котевска и Стефан Шашков. Темата е “Филмот како терапија”, во контекст на веќе популарното користење на цртежот, сликата, музиката и раскажувањето како терапевтски и дијагностички алатки во работа со лица со психички нарушувања.

“Железна тврдина” го користи формалниот пристап својствен на документарниот но и играниот филм, и како таков го претставува новиот, хибриден, филмски израз. Базиран на вистински случки, но со документаристички пристап, филмската приказна вплотува и елементи на фантазија, односно бајка.

Поголем дел од филмот е снимен меѓу 2021 и 2023 година, за време на филмските работилници организирани со цел да се пребродат долгите интервали на  пандемски затварања и изолација, кои негативно се одразија на пациентите.

“Она што започнува како набљудувачки запис од секојдневниот живот и креативните вежби полека се трансформира во конструиран филмски свет обликуван од самите учесници. Просторот на болницата станува истовремено реална средина и сцена за фиктивни ситуации, каде што личните приказни, фантазиите и изведените идентитети почнуваат да се преклопуваат. Железнта тврдина се појавува како слоевит, духовит хибрид во кој реалноста и фикцијата, разумот и лудилото, свесноста и несвесноста се испреплетуваат, потсетувајќи нè дека ‘oдблиску, никој не е нормален’.”, велат организаторите

Влезот е СЛОБОДЕН и ќе бидат присутни и  авторите. 

 

 За разлика од телесното (физичко) здравје, менталното здравје и хигиена, се чест предмет на стигмитизција, додека лицата кои се соочуваат со такви проблеми истовремено се соочуваат и со феноменот на маргинализација.  Со оглед на тоа, процесот на ре-социјализација и адаптација е макотрпен и долг речиси невозможен без соодветни механизми и хуманитарен ангажман од страна на здравствените институции, образованието, но и секој од нас поединечно. Гледан од таа перспектива, прерогатив на филмот е подигнување на нивото на свеста и информираност меѓу граѓаните.       

 

 

 

 

 

Би можело да ве интересира

Кирија, санација и изградба на нови домови ќе обезбедува Општината за семејствата чии домови изгореа на Варош

ЛЕВИЦА: ОПШТИНА ПРИЛЕП ВО ПОСЛЕДЕН МОМЕНТ ОРГАНИЗИРА ОГРОМНО ЗАДОЛЖУВАЊЕ

Фатен крадец, полицијата го приведе на крстосница во Прилеп

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе