28.4 C
Прилеп
сабота, 11 јули, 2026
Пела Радио

Проданоски: Поединечните неодговорни постапки нема да го нарушат мирот, меѓусебната почит и достоинството на граѓаните на Прилеп

Градоначалникот на Општина Прилеп Дејан Проданоски со соопштение до јавноста во кое го осудува вандалскиот чин на симнување и палење на знамето на Општина Прилеп, изразувајќи благодарност до припадниците на Министерството за внатрешни работи за брзата реакција. Проданоски упати апел до сограѓаните – поединечните неодговорни постапки да не го нарушуваат мирот, почитта и достоинството на прилепчани. Го објавуваме во целост:

„Со жалење и загриженост го осудувам синоќешниот вандалски чин на симнување и палење на знамето на Општина Прилеп! Знамето на Општината е симбол на нашиот град, на неговата историја, достоинство и на сите граѓани на Прилеп.

Секој напад врз овие симболи е напад врз вредностите што нѐ обединуваат како заедница, а особено кога таквиот чин е дело на странски државјанин, кој е должен да ги почитува законите, симболите и достоинството во средината во која престојува.

Изразувам благодарност до припадниците на Министерството за внатрешни работи за брзата и ефикасна реакција, со која сторителот беше приведен.

Апелирам до сите граѓани да продолжиме да ги чуваме и почитуваме симболите на нашиот град, да не дозволиме поединечни неодговорни постапки да го нарушат мирот, меѓусебната почит и достоинството на граѓаните на Прилеп.

Прилеп останува да биде град на достоинствени, чесни и одговорни луѓе, кои знаат да ги штитат своите вредности,“ стои во реакцијата на градоначалникот на Општина Прилеп Дејан Проданоски.

Би можело да ве интересира

Сериозни злоупотреби во прилепската болница- обвинение против девет лица поднесе ОЈО

Пела Редакција

Одбележан 9 ти мај Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа

Амбасадорот на ЕУ Михалис Рокас утре во посета на Прилеп

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе