31.6 C
Прилеп
среда, 15 јули, 2026
Пела Радио

Прилепчанка останла без 700.000 денари преку приказната на социјалните мрежи за “болно дете„

Возрасна жена од Прилеп останала без околу 700.000 денари откако била измамена од лице со кое комуницирала преку социјалните мрежи.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, прилепчанката во февруари годинава започнала комуникација со лицето, кое побарало пари под изговор дека му се потребни за лекување на неговото болно дете.

Жената поверувала во приказната и во неколку наврати му исплатила вкупно околу 700.000 денари. Подоцна сфатила дека била измамена и на 14 јули го пријавила случајот во ОВР Прилеп.

Полицијата презема мерки за целосно расчистување на настанот.

Би можело да ве интересира

Лихвар од Прилеп со закана наплатил три пати поголема сума од позајмената

Воз удрил во патничко возило кај Гостиражни

Пела Редакција

Затвореник по преглед во болницата повредил двајца полицајци во Прилеп

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе