31.6 C
Прилеп
среда, 15 јули, 2026
Пела Радио

Во 99% пожарите се случуваат поради човечкото не внимание – парични казни за не почитувачите на мерките за заштита од пожарии

Општинскиот штаб за заштита и спасување на општина Прилеп, заради намалување и спречување на опасноста од појава на пожари на отворени простори кој што се актуелни во овој период од годината и кои што можат да предизвикаат големи материјални штети, бараат од граѓаните  да се придржуваат  на превентивни мерки за заштита од пожарии.

Забрането е палење на стрништа ,плевели и други растителни отпадоци од сув вегетациски горлив материјал во ловиште,  пасишта и на земјоделски површини односно палењето на отворен оган низ полето во шумата, шумските комплески и нивна непосредна близина. Целокупната земјоделска механизација и транспортни средства кој што учествуваат во жетвата (комбањи, балирачки, трактори и товарни моторни возила) да бидат во потполна технички исправна состојба, а комбањите да бидат опремени со противпожарна опрема и средства за гаснење на пожар.

По извршувањето на жетвените работи поради постоењето на законската забрана НАЈСТРОГО е забрането палењето на стрништа.

Да се внимава при употребата на кибрит, запалка, пушењето и фрлањето на неизгасните отпушоци и догорчиња.

Сопствениците на викенд куќи кој се наоѓаат на отворен простор, низ полето, да превземат превентивни мерки, односно да направат заштитни појаси и да го отстранат вегетацискиот горлив материјал.

Со сезоната на годишни одмори и напуштањето на домовите од страна на граѓаните на подолг временски период граѓаните да вршат исклучување на сите електрични апарати и уреди од електричната инсталација со исклучок на фрижидерите.

Против сторителите не почитувачите на превентивните мерки за заштита од пожари од страна на надлежните органи ќе бидат изречени парична казна – глоба како за правни,така  и за физички лица, опоменуваат од Општинскиот штаб за заштита и спасување на Општина Прилеп, потенцирајќи дека 99% од пожарите се случуваат  поради човечкото невнимание и негрижа.

Би можело да ве интересира

Нова книга-Како до еколошка заштита на растенијата?

ПО ЕДЕН ВЕК ФРАНЦИЈА СЕ ПОКЛОНИ НА ДЕЛОТО НА МАКЕДОНСКИОТ ОНКОЛОГ Д-Р АНАСТАС КОЦАРЕВ

Прилеп ќе го одбележи Денот на НАТО

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе