5.4 C
Прилеп
петок, 15 ноември, 2024
Пела Радио

Заев во Прилеп: Да, направивме компромис, но компромисот го движи светот!

Граѓански собир вечерва се одржа во Прилеп, каде се обрати премиерот и претседател на СДСМ Зоран Заев, кој потенцираше дека Македонија знаела да носи вистински одлуки и така се движела напред. Но, овој пат мораме да осигураме, за да ја обезбедиме независноста на нашата земја и конечно да бидеме со сите во светот и никогаш повеќе сами на светот, иако одлуката е тешка за сите нас.

– Точно е дека направивме компромис. Јас знам дека на сите ни тежи некоја грутка во градите затоа што треба да додадеме географска одредница на нашата иднина.Но, зарем не знаеме сите дека од таа историска Македонија ние сме севернио, горниот дел, зарем не не учеа татковци и дедовци дека постои и Егејска Македонија, па постои и до денес, па постои и Пиринска Македонија, дека има една Мала Преспа, таму во Албанија каде што живеат Македонци. Затоа, направивме фер компромис и дојдовме до праведно решение. Јас ве уверувам дека подобар договор не можело и ниту може да се направи, ако можело последните 11 години тој ќе бил направен. И не само тоа, ова фер и праведно решение навистина гради пријателство и со нашиот јужен сосед која што е голема работа сама по себе, иако, ќе ги отвори истовремено вратите на НАТО и на ЕУ. Затоа што ова решение е нешто за кое што се бореле нашите татковци и дедовци и прадедовци за кое што животи полагале.
Конечно… имаме земја признаена од сите, од целиот свет. Никогаш повеќе никој, нема да ја спори нашата Македонија. Никогаш повеќе нема да веднеме глави. Никогаш повеќе нема да се срамиме со ФИРОМ пред нашите спортисти, пред нашите репрезенти, каде да одат во светот. Добивме земја признаена од сите, во која што живее македонски народ, признаен од целиот свет, кој што зборува македонски јазик, признаен од целиот свет и ги остваривме вековните аспирации на нашите татковци и дедовци. Ова нема да ни се повтори, ова е шанса која не смееме да ја пропуштиме. Да, направивме компромис, но компромисот го движи светот. Компромисот мрда од мртва точка. Движи се! Компромиси правиме сите секој ден, потенцираше на вечерашниот граѓански митинг во Прилеп, премиерот и претседател на СДСМ Зоран Заев.

Во врска со договорот од Преспа, направен е фер компромис, истакна Заев, а воедно Македонија доби уште еден пријател, а ги обнови и пријателствата со сите 5 соседи.
– Станавме пријатели и со целиот свет. Јас Зоран Заев од село Муртино, струмичко, распослаа црвен тепих и во Берлин и во Брисел и во Вашингтон и во Лондон и во Виена и во Варшава и во Словенија и секаде. Црвениот тепих беше за вас, за нашиот народ, за нашата Македонија, истакна премиерот Заев на граѓанскиот собир во Прилеп.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Ристеска: Климатските промени се реалност со кои традиционалното земјоделство не може да се справи

Пела Редакција

Ќе се врши втора фаза на ларвицидна дезинсекција

Водици 2023 Осветување на водите на Плетварско езеро

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе