Победа на гости во Тетово ја совлада Шкендија која важеше за голем фаворит пред натпреварот. Но, Победа , го направи најголемото изненадување во денешното седмо коло со 0:2 и тоа во Тетово. Стрелци на головите беа Нвабуезе и Танушев преку контри и благодарение на трпеливото и мудро надигрување со противникот.
Со овој триумф и пријатното изненадување кое го направија фудбалерите, Победа по 7 коло се наоѓа на 4 тата позиција на табелата, веднаш по Шкендија, додека на чело на табелата сега се наоѓа Вардар.
Наредното коло кое се игра в сабота на 29 ти септември, Победа во Битола се среќава со Вардар.
следна вест