Во Женева, денска и утре се одржува Регионална конференција на тема „Овозможувајќи избор: Динамика на населението и одржлив развој“(Enabling Choices: Population Dynamics and Sustainable Development) по повод 25-годишнината од Меѓународната конференција за население и развој (ИЦПД) и Акциската програма 2019 година
Конференцијата, каде учествуваат и претставници од Македонија, е фокусирана на имплементација на клучните активности, како и на политиката за решавање на проблемите поврзани со: Динамика на населението и одржлив развој, Семејства, сексуално и репродуктивно здравје и Нееднаквост, опшествена инклузија и права.
Несиме Сaлиоска, од невладинта НВО РОМА С.О.С – Прилеп, е еден од преставниците од Македонија, излагач на темата поврзана со репродуктивното здравје и малолетничките бракови.Односно таа ќе говори на утрешната презентација во делот на „Нееднаквост социјална инклузија и права„ поврзано со онаа „сива зона„ помеѓу традицијата и правата на децата.
Од Македонија, на Конференцијата во Женева ќе присуствуваат i претставници од Министерството за здравство, како и претставници и од невалдините YSAFE, Х.Е.Р.А., и Y-PEER., покрај прилепската, НВО РОМА С.О.С.
На Конференцијата „Овозможувајќи избор: Динамика на населението и одржлив развој“ учествуваат од 200 до 250 претставници на држави, научници, претставници на невладиниот сектор, претставници на координативните тела за одржлив развој, како и претставици на националните парламенти.
ШТО е ВАЖНА УНФПА за МАКЕДОНИЈА?!
УНФПА почна со работа во 1969 година, а во Македонија е присутен од 2007 година и ја поддржува Владата во областа на репродуктивното здравје, прашањата во поглед на населението и развојот, како и родовото насилство, како дел од системот на ОН и согласно договорената Рамка за развојна помош на Обединетите нации.
Во рамки на заедничката соработка, Фондот со Владата и со Министерството за здравство во мај годинава потпишаа Договор за заеднички придонес во намалување на смртноста кај мајките и новороденчињата, а се спроведуваат и активности согласно неодамна ратификуваната Истанбулска конвенција во делот на демографски политики и на родово насилство и домашно насилство, каде е вклучено и Министерството за труд и социјална политика.
Воедно, Фондот на ОН има договорено тригодишна рамка за техничка помош на Државниот Завод за статистика (ДЗС), што ќе овозможи имплементација на различни активности за унапредување на податоците за населението, каде спаѓа и пописот, но и други податоци кои се прибираат од ДЗС. Соработката предвидува јакнење на националните капацитети за собирање податоци за населението, анализа, дисеминација и користење во развојните политики. Целта е да се обезбеди мониторинг на напредокот во спроведување на националните политики и стратегии поврзани со социјалната инклузија и репродуктивното здравје на адолесцентите, жените и мажите во државата, како и други национални и меѓународни обврски што се согласно Партнерството за одржлив развој на ОН за периодот 2016-2020 што го потпишаа Владата и тимот на ОН во државата.