7.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Како и зошто треба да се селектира отпадот?! – Едукативен час за најмладите организира ЈКП “Комуналец“

По повод ,,Европскиот ден на соработка,, во организација на Министерството за Локална самоуправа и ЈКП,, Комуналец,, – Прилеп,  ученици од I одделение од ОУ,, Климент Охридски,, беа во посет ана ЈКП Комунаелци каде „комуналците„ им одржан едукативен час, насловен ,,Ајде да селектираме и рециклираме,,.

Градското вовче, 20-тина ученици, прооделенци, ги однесе во мануелна селекција за отпадот во ЈКП ,,Комуналец,,. Таму ти со интерес гледаа и учеа  кој отпадни материјали во која канта треба да се одлагаат и зошто е битно да се селектира отпадот.

Малите провооделенци покажаа голем интерес  и  интерактви, се вклучија во часот па  прашуваа „зошто отпадот не треба да се меша?!„, како е можно од отпад  да се прават нови производи?„, како се мие отпадот кој е извалкан и кој го прави тоа?!  А, посебно покажаа зинтереес за рециклирањето на старата отпадна хартија, со која се зачувуваат дрвјата од сечење и колку е безбедно здравјето на децата доколку се селектира отпад.

,,Ние работиме услуга која е од  јавен интерес за граѓаните. ,, Комуналец ,, се грижи отпадот да биде навремено подигнат од  вашите домови,  воедно се грижи улиците и тротоарите да бидат чисти, за да имаме здрава животна средина. Она што посебно го правиме за градот, а најмногу за најмладите, тоа е одржувањето на парковите, каде децата во секое време имаат катче за уживање забава и релаксација. Прилеп, е еден од ретките градови каде се селектира отпадот, освен во градот, годинава започнвме  и селекција во населените места. Во тек е набавка на нови корпи за отпадоци кој ќе бидат распределени во домовите каде  сеуште немаат канти за селекција. Според Министерството за животна средина и ,, Пакомак,,  ,Прилеп,  селектира отпад колку што вкупно селектираат сите градови во Македонија. За годинава ,,Комуналец,, бележи раст од 10% во селектирање на отпадни материјали, тоа ни дава поттик да продолжиме и понатаму да вложуваме во одделението за селекција на отпад, во обука на вработените, во едукација на населенинието , но и во материјални средства кој се неопходни при процесот во работењето,,- им објаснуваше  в.д директорот Јованоски на најмладите

  Јованоски, им се заблагодари на најмладите и на наставниците што покажуваат желба и интерес да го селектираат отпадот, а со тоа истите придонесуваат за заштита на животната средина и здравјето на луѓето.

Наставникот, Весна Вељаноска, посочи дека јавните претријатија и институциите треба да имаат повеќе вакви едукативни средби, организрани од сите дејности, со цел, учениците низ практична настава да се запознаваат со навиките и однесувањето.

 

Би можело да ве интересира

Прв школски час за 715 првачиња

Елизабета Филипоска

Прилепските родители преку мирен протест им рекоа „не„ на дигиталните учебници

Елизабета Филипоска

(ВИДЕО)Најмладите прилепски новинари во посета на Радио Пела

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе