6.7 C
Прилеп
петок, 6 декември, 2024
Пела Радио

Индустриското училиште во Прилеп започнува нова ера во македонското образование

Со донацијата на компанијата Филип Морис ТКП во висина од 80 илјади долари за целосно реновирање на училници со најсовремена опрема во средното општинско училиште Ристе Ристески – Ричко во Прилеп за прв пат стопанските субјекти се вклучуваат во таканаречното дуално образование. Соработката помеѓу Филип Морис ТКП и Средното општинско училиште Ристе Ристески – Ричко ќе продолжи и во делот на практичната настава, со потпишувањето на Меморандум со што се овозможува пракса за учениците во текот на целата година во капацитетите на фабриката. На настанот присуствуваше вицепремиерот Кочо Анѓушев, министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, градоначалникот на Општина Прилеп Илија Јованоски, претседателот на Совет на Општина Прилеп Миле Талевски, пратеници и претставници од прилепскиот бизнис сектор.
– Се надевам ова ќе биде поттик и за другите компании да го следат примерот. Ние како држава работиме на создавање на кадар соодветен на потребите на пазарот преку воведување на дуалното образование и практикантство со што ќе се реши акутниот проблем на невработеност и ќе се задоволи побарувачката на пазарот на труд“, потенцираше Анѓушев.
За Тутунски Комбинат Прилеп ова е начин да обучува кадри кои во иднина ќе бидат дел од колективот на фабриката. „Многу е важно да се искористат потенцијалите на младите кадри. Тие му се потребни на Тутунски комбинат којшто со помош на Филип Морис поставува нови стандарди во тутунската индустрија во земјава и полека успеваме да го вратиме Комбинатот на позиции од порано, како стратешка фабрика со позитивни резултати”, изјави Кире Станкоски, директор на ТКП.
За директорката на средното училиште, Билјана Трајкоска „Филип Морис ТКП е првата општествено одговорна компанија која инвестира сопствени ресурси за подобрување на образовните капацитети на училиштето“, при што се реновирни просториите и инсталирана е најсовремена опрема за практична настава од електротехничка струка.
Работната посета на Прилеп вицепремиерот Анѓушев ја започна со увид на напредокот во модернизација во Тутунски комбинат. Станува збор за осовременување на производна хала со површина од над 5.000 метри квадратни. Инсталирана е нова машина за производство на цигари со потенок прогресивен формат или т.н. 7.0 формат што овозможи во изминатиов период да почне да се произведува Chesterfield 7.0 и да се започне со производство на Marlboro 7.0. како најбрзо растечки формати на македонскиот пазар.

Би можело да ве интересира

Повторно високо на врвот по бројот заболени – 15 нови случаи во Прилеп. Двајца починаа!

Елизабета Филипоска

Цел град театар од утревечер на 57. МТФ „Војдан Чернодрински“

Заклучен Избирачкиот список за претседателските и парламентарните избори

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе