29.4 C
Прилеп
вторник, 14 јули, 2026
Пела Радио

До 25 декември пријавување за субвенции за предаден зеленчук и овошје

Градинарите и овоштарите започнаа да поднесуваат барања за субвенции за произведени и продадени градинарски и овошни култури во преработувачки капацитети. Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој известува дека крајниот рок за доставување на апликациите завршува на 25 декември 2017 година.
Корисници на поддршката за градинарски култури се земјоделски стопанства кои во периодот од 1 март до 25 декември произвеле и продале градинарски култури во регистриран преработувачки капацитет за зеленчук. Висината на поддршката изнесува 1,5 денар по килограм за сите градинарски култури освен за пиперки и корнишони за кои поддршката изнесува 3 денари по килограм.

Корисници на поддршката за овошни култури се земјоделски стопанства кои во периодот од 26 декември лани до 25 декември 2017 година произвеле и продале овошје во регистриран преработувачки капацитет за овошје. Висината на поддршката изнесува 2 денари по килограм.

Во тек е доставувањето на барања за финансиска поддршка за произведени и продадени праски во преработувачки капацитети во период од 12 до 30 јуни 2017 година и за нив висината на поддршката изнесува 6 денари по килограм.

За произведени и продадени лубеници на регистрирани откупувачи во период од 3 до 15 јули 2017 година висината на поддршката изнесува 2 денари по килограм.

За сите овие намени барањата се поднесуваат до 25 декември, по електронски пат во подрачните единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство каде што е регистрирано земјоделското стопанство.

Во прилог на барањето се доставува потврда за откупени количини. Обрасците на потврдите може да се превземат од веб страната: www.ipardpa.gov.mk, во полето „Директни плаќања 2017“, „Обрасци“.

Би можело да ве интересира

Прилепските фирми П.И Витаминка и Тутунски Комбинат со позитивни финансиски резултати за 2022 година. А, Мермерен комбинат официјално има нов споственик

Жените земјоделки ќе може да аплицираат за грант од 3 000 евра

Објавен јавниот оглас за финасиска поддршка за енергетика за ранливите категории граѓани

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе