6.8 C
Прилеп
четврток, 14 ноември, 2024
Пела Радио

Прилеп: Инфо – ден за јавeн повик од Фондот за иновации и технолошки развој

Општина Прилеп во соработка со Фондот за иновации и технолошки развој, денеска во просториите на Општина Прилеп одржаа инфо сесија за повик за инструментот „Кофинансирани грантови за новоосновани трговски друштва: старт-ап и спин-оф“ за потенцијални апликанти.
Инструментот е наменет за финансирање на ново основани, микро, мали и средни претпријатија (не постари од 6 години) –„старт-ап“ и „спин-оф“ претпријатија, во доминантна сопственост на македонски државјани (50,1% или повеќе), кои имаат иновативна идеја во фаза на „потврден концепт“ со солидно очекување за комерцијализација.
„Денеска сме во Општина Прилеп да го презентираме тековниот јавен повик на Фондот за иновации пред бизнис заедницата. Се работи за нови старт-ап и спин-оф друштва. Овој повик Фондот за иновации го работи преку Светска банка од каде се обезбедени милион евра. Право на учество имаат новоосновани микро и макро, мали и средни претпријатија кои не се постари од шест години и немаат годишен приход над еден милон евра и треба да се со доминантна македонска сопственост. Повикот е активен до 11-ти декември. Досега се пристигнати преку 700 апликации“, изјави Бранислав Марковски од Фонд за иновации и технолошки развој.
„Општина Прилеп во соработка со Фондот за иновации и технолошки развој, на денешната средба има за цел на помладите компании во општината да им ги презентира можностите за финансирање на нивните проекти, со цел да се генерираат нови работни места и да се зголеми нивниот пазарен потенцијал“, истакна Борче Јанкулоски, од одделението ЛЕР на Општина Прилеп.
Суштината на овој проект е охрабрување на младите невработени лица да бараат алтернативи за самовработување. Со јавниот повик е предвидено ко-финансирање најмногу до 85% (осумдесет и пет проценти) од вкупниот буџет за проектот, до максимален износ од 30.000 (триесет илјади) евра. Повеќе информации за Фондот и актуелниот јавен повик за ко-финансирање на новоосновани трговски друштва можете да најдете на следниов линк: http://www.fitr.mk/.
Рокот за пријавување трае до 11.12.2018 година, до 23:59 часот

Би можело да ве интересира

Од утре стартува исплатата за обесштетување на сточарите за угинатиот добиток од „јазлеста кожа“

Гордана Цветаноска

Јакимовска: Заедно можеме да направиме големи промени во заштитата на работничките права!

Елизабета Филипоска

Комбинатот да преземе дополнителни 700 тони вишок тутун, укажа Владата

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе