5.4 C
Прилеп
петок, 15 ноември, 2024
Пела Радио

Непрописно паркираните возила создаваат проблеми за чистење на улиците и тротоарите

Согласно динамиката на фирмите задолжени за зимското одржување на улиците во Прилеп и локалната патна мрежа во соработка со Комуналец и Македонија пат, денеска во целост ќе биде исчистена уличната градска мрежа, како и најголемиот дел од улиците во населените места во Општина Прилеп.
-Се работи на сите улици во градот. Вклучени се 5 камиони, два скипа и грејдерот, така што многу улици во градот денеска ќе бидат дефинитивно исчистени. Населените места се 90 отсто веќе исчистени, остануваат уште неколку села каде треба да се пуштат машините.
Паркирањето на возилата претставува едно тесно грло, така што нашите возила со ножот и со сеалката тешко се пробиваат. Истото се однесува и на тротоарите кои заради возилата не можат да бидат исчистени. Апел до граѓаните возилата да ги паркираат на пространи места за да не го кочат расчистувањето на улиците, вели Благоја Богоески надлежен за надзор во Локалната самоуправа.
Патниот правец за Мариово го одржува Македонија пат, а до селата кои гравитираат до регионалниот пат ќе биде пуштена механизација. Во координација со Македонија пат кога ќе биде пробиен патот, фирмата изведувач на зимското одржување на локалната патна мрежа ќе интервенира со две машини и камион со посипувач.
– Дежурните екипи на КН Елмонт кои работат со 5 камиони со нож и посипувач, три машини со ножеви и грајдер во текот на изминатото деноноќие извршија повторна обиколка на улиците од прв приоритет. Попесочени се околу 100 кубици ризла и мешавина со сол. Во моментов, има само машини кои работат на улиците од втор приоритет, вели Александар Ставрески Елмонт фирмата задолжена за зимско одржување на улиците, кој воедно апелираше и до граѓаните за да ги тргнат паркираните возила на улиците но, и до Полицијата соодветно да реагира.
За евентуални нови врнежи од снег, обезбедени камен материјал и сол, информираа од Елмонт.
ЈКП Комуналец Прилеп од првиот ден со снежните врнежи работи максимално одговорно и професионално, а потврда е централното градско подрачје. Снегот се подига, рачно и машински. Во текот на вчерашниот ден се потрудивме да ги исчистиме сите пристапи до важните институции, а пуштени се работните машини и по тротоарите. Најголем проблем за чистење на тротоарите ни создаваат непрописно паркираните возила, истакна -Ирена Станкоска ВД директор на ЈКП Комуналец Прилеп.
Екипите на ЈКП Комуналец расчистуваат кај новата Автобуска станица, кај старата Општина, ф-ката Солидност, а ќе останат дежурни екипи, утре ќе се посолува и попесочува онаму каде што има потреба, како што се мостовите. Во текот на утрешниот ден ќе се расчистуваат тротоарите на улицата Прилепски бранители.
Доколку има некаков проблем околу зимското одружување на улиците и локалната патна мрежа граѓаните да се обратат до Локална Самоуправа Прилеп 048 412 .

Би можело да ве интересира

Од кого добиваат закани вработените во Автобуската станица Прилеп ?

Гордана Цветаноска

Пролонгиран рокот за важност на возачките дозволи и книшки

Пела Редакција

Вода од јавната чешма во Ѓумушица неисправна за пиење

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе