5.4 C
Прилеп
петок, 15 ноември, 2024
Пела Радио

Ликовната изложба од Струмичката ликовна колонија во Прилеп, дел од 35 проекти од ликовната дејност поддржани од МК

Во ликовната галерија на ЦК „Марко Цепенков“ е отворена изложба на дела од Струмичката ликовна колонија. Изложбата во Прилеп ќе биде поставена во овие наредните две недели па тоа е одлична можност да се погледнат делата  на ликовните дела кои се испирирани од околината на Струмица и струмичко .

– Станува збор за 23 слики и два мозаика што стигнаа пред прилепската публика. Во Меѓународната струмичка ликовна колонија, 55-та по ред, учествувале 15 ликовни уметници од земјава и странство. Со ова се зголемил фондот на дела во оваа меѓународна ликовна колонија која вкупно брои 2.200 дела. Досега во Колонијата учествувале, во овие 55 години, околу 800 уметници од целиот свет. Мотивите се од Струмица и околината, изјави етнологот и антрополог , Ивана Атанасоска, која ја отвори изложбата.

Со оваа изложба, прилепскиот Центар за култура „Марко Цепенков“ почна со реализацијата на годинашниве 35 проекти од ликовната дејност што се одобрени со Програмата на Министерството за култура, нагласува Марјан Стојаноски од Центарот за култура.

– Министерството за култура ги одобри сите 35 проекти од ликовната дејност што ги предложи прилепскиот Центар за култура „Марко Цепенков“ за годинава. Оваа година ја започнуваме со изложбата на делата од струмичката ликовна колонија и имаме долга соработка. Од 35-те одобрени проекти, пет се групни, а 30 се самостојни изложби. Прилеп ќе понуди креативни изложби на бројни уметници со што го задржува приматот како еден од градовите со развиена ликовна дејност и презентација, рече Стојаноски.

Струмичката ликовна колонија има долга традиција и во неа поминале голем број реномирани ликовни уметници. Една од карактеристиките на оваа манифестација е слободниот израз. „Слободата е најважна за авторот, ако е тој послободен, тој е и покреативен“ – велат од Струмичката ликовна колонија.

Пред прилепската публика се претставени дела од ликовни уметници од Македонија, Полска, Бугарија, Романија, Турција, Србија, Чешка и Украина, кои учествуваа на 55-то издание на Меѓународната струмичка ликовна колонија.

Инак, Изложбата на Струмичката ликовна колонија е плод на соработката меѓу двата Центри за култура- од Прилеп и од Центри за култура од Струмица.

 

Би можело да ве интересира

Љубители на Jazz дојдете во Прилеп на џез викенд!

Утре,петок, ликовна изложба и театарска претстава

Гордана Цветаноска

Дали „Вечери во чест на Васил Иљоски“ ќе прераснат во аматерски театарски фестивал за средношколци?!

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе