12 C
Прилеп
среда, 2 април, 2025
Пела Радио

ДИК:Ако излезноста е под уставните 40%, тогаш се распишуваат нови избори!

Без исполнување на цензусот од 40 проценти излезност на запишаните избирачи во првиот круг, претседателските избори ќе пропаднат, на гласачкото ливче нема да стои новото име на државата туку само имињата на кандидатите и знамето, а какво решение на новоизбраниот претседател ќе му издаде ДИК ќе остане енигма барем уште некое време.

Доколку на првото гласање излезноста е под уставните 40%, тогаш се распишуваат нови избори кои ќе треба да се одржат за 40 дена.

На претседателските избори ќе се натпреваруваат вкупно тројца кандидати, Гордана Силјановска Давкова, Стево Пендаровски и Блерим Река. Првиот круг е закажан за 21 април, а вториот ќе се одржи на пети мај.

Би можело да ве интересира

Седница на Совет: Пензионерите со ниски примања ќе продолжат да се возат бесплатно во јавниот градски превоз, „зелено светло„ за финансирање на спортските клубови…

Пела Редакција

Николовски: Изборите нема да ја спречат исплатата на субвенциите

Проданоски: Наместо пречистувач, станицата стана загадувач ?!

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе