9.1 C
Прилеп
недела, 3 ноември, 2024
Пела Радио

Во Кривогаштани инфо средба за окрупнување на земјоделското земјиште

Во клубот на пензионерите во Кривогаштани денеска се одржа првата инфо средба од проектот “Воведување на национална програма за консолидација на земјиште” (МАИНЛАНД) финансиран од Европската Унија кој го спроведува ФАО во соработка со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Кампањата за процесот на окрупнување на земејоделското земјиште на овие средби со земјоделците се состои во информирање на сопствениците на приватното земјиште за постапката за аплицирање и кои се придобивките. На средбата присуствуваа 40 тина земјоделци од населените места од општината кои се запознаа со основните придобивки, начините и периодот на реализација на процесот за окрупнување.
– Најважно е да се одберат вистинските локации каде што има потреба и оправданост за отпочнување на окрупнување. Ги земаме во предвид сите локации каде што пред се има активно земјоделско производство, каде што има голема расцепканост на земјоделските парцели, но исто така важен е интересот од земјоделците да влезат во процесот. Два принципи се основни за консолидацијата: процесот е исклучително на доброволна база и секој што ќе учествува во окрупнувањето – ќе излезе со најмалку иста вредност на земјоделското земјиште, рече Наташа Љубецки Анѓелиќ, од проектот МАИНЛАНД.
Општините Кривогаштани и Струмица се двете локални заедници каде расцепканоста, раситнетоста на земјоделското земјиште е најизразена. Земјоделците во просек поседуваат по 1 хектар, расситнет на 4 до 5 ниви што е по 2 декари по парцела. Интересно е што во општина Кривогаштани има 2 и пол илјади регистрирани земјоделци, податок што говори дека 90 отсто од населението егзистира од аграрот, но се работи на мали парцели за кои е потребно многу труд и средства за обработка. Консолидацијата треба да ја зголеми конкурентноста на земјоделското производство, да се подобрат условите за живот во руралните средини и да се обезбеди одржливо користење на природните ресурси, беше речено на средбата. Од тимот на МАИНЛАНД посочија дека наредните седмици ќе остварат средби со земјоделците од сите населени места за поблиско запознавање со проектот “Воведување на национална програма за консолидација на земјиште”.

Би можело да ве интересира

ЕКС ПРАТЕНИЧКАТА КЕТИ СМИЛЕСКА НОВ В.Д ДИРЕКТОР НА БОЛНИЦАТА ВО ПРИЛЕП

Елизабета Филипоска

Започна пробниот попис на населението

ВО ПРИЛЕП „СИТЕ НА ВЕЛОСИПЕД“ – ТРАДИЦИЈА ЗА ПОЧИТ (ГАЛЕРИЈА)

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе