11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

За поддршка на младите во спортот – Комфи Ангел со хуманитарен караван

Подолу во текстот и за ФК Победа

Седма година по ред, Комфи Ангел го организира  хуманитарниот каравен, каде собраните средства од распродажбата на нивните производи ги донира на одредена целна група .Годинава донацијата е наменета за развој на спортот и за поддршка на младите спортски таленти .И, олекувано, како и секогаш за хуманитарните акции на Комфи Ангел,  денеска на плоштадот “Методија Андонов Ченто”- Прилеп , Прилепчани ја покажаа својата хуманост и поддршка , а “Comfy Angel” во хуманитарна распродажба на своите производи – јоргани, перници и постелнина ,ја потврди, повторно својата големина како опшествено одговона фирма.

„Со ваквите хуманитарни каравани кои ги организираме речиси во сите поголеми градови во Македонија,  овоможуваме ,пред се, популацијата во Македонија да ги набави по промотивна цена и да ги  користи наштите производи, кои се навистина прекрасни и се изработени од врвен квалитет, а втората клучна  работа од ваквите акции е, хуманитарната цел. Ако,  во минатите години хуманитарните каравани имаа за цел да помогнат на децата со посебни потреби,  оваа година, акцентот е ставен на спортот и помош за развој на спортот и поддршката на талентираните млади спортисти. Во Прилеп, средствата ќе бидат донирани на кадетскиот клуб „РК Прилеп“, кој оваа година е прв на табелата. Ги повикувам стопанствениците да се фокусираат на спортот и да им дадат поддршка на младите спортисти, бидјеќи тие се нашата иднина, а спортот е најголемиот амбасадор на нашиот град и на нашата држава, и вреди се се инвестира во него.“- рече при оваа прилика , сопственичката на компанијата Комфи Ангел, Ирена Јакимоска

Од Клубот РК Прилеп- кадети, се заблагодарија на донацијата и  апелираа до сите стопанственици да вложуваат во спорот и младите, бидејќи Прилеп има потенцијал и спортски таленти.

„Преку спортот најдобро може да се промовира државата и својот град. Имаме околу 40 спортисти кои активно тренираат. Но, ни недостигаат средства ,подобра спортска инфраструктура, услови за работа…Со спортот градиме иднина и не може таа да  чека, маладите не може и несмееме да ги оставиме на маргините“ – истакна тренерот на РК Прилеп Андријано Котески

Хуманитарниот каравен на Комфи Ангел ќе патува до крајот на годината  низ другите градови во Македонија : Битола, Охрид, Гевгелија, Велес, Скопје, Куманово, и во соработка со општинските власти од тие градови ќе биде одлучено на кои клубови им е потребна донацијата. Од компанијата тврдат дека секогаш донациите стигнувале на вистинската адреса.

 

Одѕивот на ваквите каравани кои ги организира Комфи Ангел е секогаш огромен ,па и денес голем број прилепчани беа и хумани и имаа можност да ги набават производите на Комфи Ангел по промотивна цена.

 

хххххххххх

Радио Пела : Регионалната Стопанска комора одлучи ФК Победа да и се врати на градот.Што значи тоа? Како сега ќе функционира ФК Победа како градски клуб?!

 „Сакаме Победа  да и ја вратиме на градот за можат повеќе стопанственици љубители на фудбалот,вграѓани да партиципираат во финансиската конструкција на клубот, до оној момент додека не се направи нешто  повеќе, некоја нова структурна промена , за да може да се задржи фудбалот во градот.  Ние издржавме во многу тешки услови , каде што немавме никаква спортска инфрструктура ,без стадион, и сепак опстанавме во Прва Македонска фудбалска Лига. Она што брзо ќе се случи, е реновиран  стадион и би било штета Победа да не го задржи реномето. Спортот е клучен во развојот на младите. И, во овој момент ја повикувам прилепската јавност, навистина да се фокусираме, да го спасиме клубот, заради прилепчани, заради љубителите на фудалот, но и заради  историјата на Победа. Факт е дека стопанствениците би инвестирале доколку има финасиска оправданост, бидјеќи така функционира бизнисот, но клучно е државата да изнајде начин како да функционира спортот, воопшто“- истакна Ирена Јакимоска, Претседател на Регионалната стопанска комора – Прилеп и сопственик на комапнијата Комфи Ангел

Би можело да ве интересира

Нема откуп и протести до петок, кога ќе се бара решение меѓу тутунарите и откупувачите во ресорното министерство

Гордана Цветаноска

Женскиот младински хор при МКЦ настапува во Прилеп

Пела Редакција

Прилепските основци учат како да селектираат и рециклираат

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе