7.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Денеска Прилеп посетен од неколку владини преставници

Заменик министерот за локална самоуправа,  Дејан Павлески во рамките на денешната посета на општина Прилеп  го посетија градскиот пазар и се сретна со сопствениците на такси службите   За време на обиколката,  на пазарот заменик министерот за локална самоуправа, Павлески и директорот на претпријатието, Илиески разговараа со дел од пазарчиите за функционалноста  на пазарот и проблемите со кои се соочуваат самите пазарџии и Јавното претпријатие.Најавено е фотоволтаични панели и нов кров за подобра  функционалност на прилепскиот пазар.

За 2019 година се обезбедени вкупно 7 милиони евра, во Пелагонискиот регион досега преку една од компонентите  одобрени  се осум проекти  во вредност од околу 500 илјади евра.-рече заменик министерот

 

Со заеднички заложби на Општина Прилеп и Министерството за образование, ООУ „Кире Гаврилоски-Јане“ наскоро ќе добие фискултурна сала

Денеска во работна посета во Прилеп беше и  заменик министерот за образование и наука, Петар Атанасов кои заедно со градоначалникот Илија Јованоски, го посетија ООУ „Кире Гаврилоски-Јане“. На средбата со директорката на училиштето, Кети Стевананџија, заменик министерот и градоначалникот разговараа за реализираните и тековните проекти, како и за проблемите со кои се соочуваат вработените и учениците во ова училиште

„Може да се пофалиме дека општината издвои 3,5 милиони денари во изминатата година. Реконструирани се тоалетите и повеќе од 10 училници и сето она што беше приоритет од страна на инфраструктурата. Министерството за образование, заедно со Агенцијата за спорт и млади и другите институции при Владата, интензивно работат на реконструкција на основните и средните училишта. Агенцијата за спорт и млади во наредниот период ќе гради 14 училишни базени, а заедно со Министерството за финансии обезбедивме средства за реконструкција на сите ученички и студентски домови во државата.“-рече заменик минстерот за образование при посетата на Прилеп

 

Исплатени се субвенциите за тутунарите, над 90% од откупениот тутун е прва и втора класа

Денеска во Прилеп беше и Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николоски, кој потсети на навремената исплатата на субвенциите за тутунот од изминатата реколта

„Меѓутоа електронскиот систем на Министерството сеуште работи и во следните неколку денови ќе имаме конечна состојба за реколтата 2018 во поглед на сите податоци и за она за што се издадени бели картони или евидентни листови од страна на нашите подрачни единици. Очекуваме и 2018 година промената на самиот модел кој ги мотивира тутунопроизводителите да произведуваат поквалитетен тутун, а тоа е еве од 25 милиони килограми, 21 милион, одосно близу 8 милиони се прва класа, а 13.3 милиони се втора класа. Нешто над 3 милиони килограми се трета класа и четврта и останати, е многу мала количината“, потенциираше Николоски.

 

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО)Како да се заштитат земјоделските насади од температурните шокови и високиот УВ индекс?

Гордана Цветаноска

Општина Прилеп и Друштвото за наука и уметност потпишаа меморандум за соработка

Гордана Цветаноска

Утре почнува капањата и за парламентарните избори, а 24 април и 8 мај се неработени денови и нема да се одработуваат

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе