8.7 C
Прилеп
вторник, 1 април, 2025
Пела Радио

Невреме се приближува – можни се излевања на каналите

Од денеска попладне земјава е под влијание на серија влажни бранови .Во Прилеп, Кирвогаштани, Крушево и Долнени врне дожд. Врнежи, појава на град, грмежи и силен ветар, големо невреме најавуваат синоптичарите кои очекуваат врнежи од 50 литри на метар квадратен, а во крајните западни и југоисточни делови( Пелагонискиот регион)  утре врнежите ќе бидат пообилни. Утре се очекуваат во Пелагонија силно невреме со грмотевици на неколку наврати и темепратура до 14 степени.

Од Управата за Хидрометролошки завод велат дека невремето ќе донесе за неколку степени постудено време, а температурите ќе се движат од од 14 до 22 степени.

Најавата за невремето ги мобилизира и инситуциите кои прземаат соодветни мерки и активности, Дирекцијата за заштита и спасување одржа вонреден работен состанок, оттаму посочија дека будно ја следат состојбата со зголемена мобилност.

По интензивните врнежи, кои следуваат во наредните работни денови, синоптичарите најавуваат стабилаизција на времето и сончеви денови од сабота кога се очекува и покачување на температурите.

Би можело да ве интересира

Joвчески: Под контрола е ситуацијата со пожарот на депонијата кај Алинци

Пела Редакција

Утрово најстудно во Крушево -5 и -2 во Прилеп

Пела Редакција

Коалиција СЕГА обезбеди заштитни средства за Ковид 19 превенција за деца и млади

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе