7.9 C
Прилеп
среда, 2 април, 2025
Пела Радио

Тамара го откажа настапот на Пивофест

Дали на Тамара и’ делуваше јавното мислење, па го откажа настапот на Пивофест, како и настапот во Охрид? Огромното незадоволство изразено на социјалните мрежи по се изгледа влијаеше на нејзината одлука. Таа на својот твитер и фејсбук профил штотуку објави дека не доаѓа на овие две манифестации, иако претходно беше најавено нејзиното учество.

Радио Пела како единствено рурално радио во Македонија, веднаш по нејзиниот настап по повод 4 јули Денот на независноста на САД, објави дека ненамерно ги избриша сите нејзини песни и настапи, и поради тоа им се извини на нејзините фанови.

Откажувањето на настапот на Тамара во Прилеп е дополнителна главоболка за организаторите две недели пред Пивофестот. Воедно своето учество го откажаа и членовите на групата Нови фосили кои требаше да настапат во недела на 21.07, наместо нив ќе пее Даниела Мартиновиќ, напишаа органиторите на официјалната фејсбук фан страна.

Би можело да ве интересира

УЈП апелира: Угостителите за претстојните празници да работат во согласност со законите!

Пела Редакција

Тешко повреден велосипедист по судир со патничко возило

Пела Редакција

Јованоски: Ќе барам армијата да и’ помогне на полицијата за спречување на групирањето !

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе