11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Унгарска вечер на отворено пред Градскиот саат

Понеделник ,(5 август 2019 ) во 20.30 ч. кај Градскиот саат, ќе се одржи Унгарска вечер на која ќе настапи групата за народни танци “Табан“ од Унгарија. Концертот е во рамките на Прилепското културно лето што го реализира ЦК „Марко Цепенков“ во соработка со Амбасадата на Унгарија во Македонија.

 

 

                                   

                                                 Koja e групата на народни танци “Табан”?!

Групата за фолклорен ансамбл е основан во 1993 година, во Бекешчаба, со неа управува фолклорното друштво “Табан”. Групата ги собира, чува и ги етаблира традициите на унгарските народни ора, како и на други националности кои живеат во Карпатскиот басен. Покрај европските вредности, тие се обидуваат да го зачувуваат националниот идентитет.

Со својата автентична програма редовно настапуваат на  фестивали и натпревари.

Групата е наградена со “одлично квалификувана” титула во 2010, 2012 и 2019 година, што е највисокото признание во унгарското фолклорно движење. Во 2010 година ја добија наградата “За Румуните од Бекешчаба”.

Танцовата драма “13” ги елаборира настаните поврзани со животот на 13 маченици на Арад и епизодите на револуцијата од 1848 година, падот и одмаздата во форма на танц-игра. Тоа не е историска или документарна претстава во танцова форма, не се однесува ниту на индивидуална судбина, туку во фокусот е трагедијата на мачениците на Арад и ужасот на нивната егзекуција. Настаните од поsледните денови пред нивното бесење.

Танцовата драма “13” има добиено неколку меѓународни признанија, дома во Унгарија, од Унгарците кои живеат во Трансилванија во Бако, како и на најголемиот меѓународен фестивал на театарот и танцот во Романија.

Уметнички водач на групата и кореограф е Фаркаш Тамаш

 

Би можело да ве интересира

Започнува Меѓународната ликовна колонија Дрен 2023

Најдобрите аматерски филмаџии од Прилеп добија признанија од Фото Кино Клубот

Гордана Цветаноска

(Видео) Промоција на „Како ја убив Вера и како таа повторно се роди“

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе