27 C
Прилеп
среда, 24 јуни, 2026
Пела Радио

Со точак до Небрегово- до спомен куќата на Конески

Утре повторно сите на Точак!  Со исправни велосипеди, со исправни светла и со водата за освежување, Јавен простор и критичната маса  #ПрилепНаТочак#  ќе Ве носат на едукативна вело туристичка турка, до спомен куќата на Блаже Конески, во Небрегово.

Тргнувањето е (утре ,недела во 16,30 ч,) пред споменикот на Александар , а ќе се вози турата Прилеп – Мажучиште – Мало Мраморани – Забрчани – Дипјачани – Небрегово, во прилепската и долненската општина.

Ова е втората едукативна вело-тура за ова лето, каде возачите на точак ќе возат, ќе се дружат , но и ќе имаат цел , да дојдат со споен куќата на Блаже Конески и да научат каде се родил основачот на современиот македонски литературен јазик и македонската граматика и зошто е значајна личност во македонската книжевност и литература .

„Рекреативноста, поврзана со информативниот или едукативниот туризам, е една од работите кои со задоволство ги реализираме заедно со нашите пријатели од ПрилепНаТочак и музејските работници од нашиот град.’-информираат од Јавен простор,задоволни што се повеќе млади луѓе сакаат да вело – тури кои имаат не семо рекреатицна,туку и едукативна цел.

 

Би можело да ве интересира

(фото)Интернационална изложба на расни кучиња „ЦАЦИБ 2018“,

СВР Битола: Исконтролирани 394 возила и возачи, најмногу казни за брзо возење

Вакциналнот пунк во Прилеп започна со масовна вакцинација

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе