7.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Таблата на споменикот од Александар Македонски во Прилеп не издржа ниту еден ден

Истиот ден од како беше поставена таблата на споменикот на Александар Македонски во Прилеп, беше оштетена. Во обид да се откорне од споменикот, парчето метал е свиткано, но исчкран е зборот „хеленска“ култура . Таблата на единствениот споменик на Александар Велики во Прилеп, инаку донација од американскиот бизнисмен Ѓорѓија Џорџ Атанасоски,е само на македонски и англиски јазик, на спомениците во Скопје таблите се на македонски, англиски и албански јазик.

Владата даде наредба институциите да ги имплементираат одредбите од договорот за содржината на сите споменици, јавни згради, инфрастуктура, знамиња и грбови. Минатата недела се поставија табли на спомениците во Скопје, а сонцето од Кутлеш се бришеше со брусалици.
На ознаките, согласно Преспанскиот договор, на македонски, албански и на англиски јазик пишува дека овие споменици припаѓаат на античката хеленска историја и на светското културно наследство.

Би можело да ве интересира

Фестивалот на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски“, викендов на Рудина во Долнени

Елизабета Филипоска

Единствено во спортски Прилеп – натпревар за врзување врвки и шнирање на патики

Пела Редакција

Новинарите и медиумските работници се вакцинираат

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе