7.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Градската библиотека се поднови со 100 наслови, најмногу белетристика

ЈОУ Градска библиотека „Борка Талески“ Прилеп набави околу 100 нови наслови од исто толку домашни и странски автори, во издание на „Матица македонска“, „Култура“, „Фениск“, „Бата Прес“, „Сакам книга“,од автори поединци, како и од донации од Универзитетската библиотека „Климент Охридски“.

-Секогаш внимаваме да бидат

застапени сите жанрови. Најмногу набавуваме белетристика зашто е најбарана меѓу читачката публика. Освен тоа редовно набавуваме стручна литература, научни списанија, енциклопедии, речници, монографии, дневен и периодичен печат и други изданија, со цел да се задоволат потребите на читателите,- истакнува директорот Петар Петрески.

Од планираните годишно по околу 700.000 денари за нова литература и издавачка дејност, досега се вложени повеќе од половина во набавка на преку 1000 книги.

Во Градската библиотека членуваат околу 5000 љубители на пишаниот збор, од сите возрасти.

Членарината изнесува 200 денари, а два пати годишнo, на патрониот празник и за време на месецот на книгата, има попуст од 50 отсто.

Би можело да ве интересира

Започнуваат настаните со традиционалните Мариовско мегленски културни средби

Што содржи новиот број на списанието „Стремеж“?

Гордана Цветаноска

Џез звуците на првата фестивалска вечер на Prilep Jazz Weekend освежување на културното прилепско мени

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе