12 C
Прилеп
четврток, 3 април, 2025
Пела Радио

Следува Prilep Jazz Weekend 2019

Прилеп повторно ќе биде домаќин на џез музиката. По осми пат Prilep Jazz Weekend, со неколку измени и новини кои ја збогатуваат манифестацијата. програмата посветена на џез музиката и културата стартува од петок 13, сабота 14 и недела 15 септември од 21 часот во Киното Мис Стон.
-Немаме покровители, донатори и спонзори, но ќе имаме влезници со кои ќе треба да ги покриеме потребните трошоци за да се одржи фестивалот. Влезниците се во висина од 400 денари (пакет влезници за трите дена) со кои следува поклон CD од дуплата компилација PRILEP JAZZ WEEKEND, велат организаторите,
Одлична програма е најавена во рамките на трите денови, во која ќе земат учество врвни музичари од македонската џез сцена и проекција на документарецот со џез содржина „BLUE NOTE“.
Бројот на влезници е ограничен бидејќи Киното Мис Стон располага со само 129 места за следење на фестивалот.

Би можело да ве интересира

„Медена земја“ во Прилеп

Елизабета Филипоска

Гала солистички концерт на Националната опера и балет во Цепенков

Гордана Цветаноска

Ќе се одржи ликовната колонија Дрен 2021

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе