7.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Во прво коло бодовите отпатуваа за Куманово

Домаќинот, ЖРК Деспина во Прилеп не успеа да забележи победа против фаворитот ЖРК Куманово ( 22: 31) , во рамките на првото коло од  женската ракомена супер лига. Во салата на СОУ „Ристе Ристески Ричко“, вечерва гостинките ги однесоа трите бода  во Куманово, но девојките на Страшо Илиоски, играа борбено и во неколку наврати со своите акции изнудија аплузи од малубројната публиката,,главно постојани љубители на ракометот .

Дека ќе биде тешка битката за победа покажаа првите 30 минути кога прилепските ракометарки се обидуваа рамноправно да им се спротивстават на кумановчанки, но на полувреме резултатската преднос  беше сепак во корист на ФК Куманово 10:18 за гостиете. Второто полувреме беше само добра игра од двете екипи, каде зедоа учество и помладите ракометарки, и од еднат и од другата екипа , без да се загрози резултатот на гостите, кои беше недостижен за домаќинкните.

В сабота, екипата на ЖРК Деспина ќе му гостува на фаворитото во лигата  ЖРК Вардар, во Скопје.

 

Би можело да ве интересира

Интервју: Томе Петрески, дестинација Прилеп – Мароко…

Прилепските велосипедисти се закитија со сребро и бронза

Шкендија – Победа 3:0

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе