18.5 C
Прилеп
четврток, 19 септември, 2024
Пела Радио

Утре бесплатен градски превоз – в недела велосипедско дефиле

 

По повод Европската недела на мобилност  (16 – 22 септември), утре, (четврток, 19 септември)  за сите граѓани градот обезбедува бесплатно возење со градските автобусите , на сите три линии .

 „Апелираме до граѓаните за почесто користење на градскиот превоз, со цел да го зачуваме чистиот воздух“, истакна  в.д. директорката на ЈП ПУП, Марија Цветаноска, вклучувајќи се во одбележувањето на Европската недела на мобилност

Меѓу активностите кои Општина Прилеп ги презема во насока на одбележување на Европската недела на мобилност, в недела ќе биде одбележан „Денот без автомобили“ со организирање велосипедско дефиле и воспоставување пешачка зона во центарот на градот.

„Во недела на 22 септември ќе се одржи велосипедско дефиле, кое ќе започне во 17.30 часот од Камената бина и ќе се возат два круга по предвидената траса, во вкупна должина од 10 километри. Истиот ден од 17.00 до 20.00 часот, булеварот ‘Гоце Делчев’ ќе биде затворен за сообраќај од крстосницата со улицата ‘Прилепски бранители’ до ‘Тинекс’, и тој дел ќе биде пренаменет во детска зона во која ќе има бројни активности за најмладите“, напомена Цвете Станојоска од одделението за ЛЕР на Општина Прилеп

 

Годинава во одбележувањето на Европската недела на мобилност се вклучуваат и членовите на клубовите „Биди зелен“ од Гимназијата „Мирче Ацев“ и СОУ „Ристе Ристески-Ричко“. Тие спроведоа анкета за велосипедската култура и инфраструктура, а воедно, во сабота ,на неколку локации во градот ќе спроведат и еколошка акција

„Резултатите од анкетата покажуваат дека испитаниците во најголем дел поседуваат велосипеди, но не ги користат како превозно средство. Напротив, користат автомобили и автобуси, со што се соочуваат со проблеми на патиштата, недостиг од велосипедски патеки, како и небезбедни услови за паркирање на нивните велосипеди“, потенцираа средношколците Христијан Пусоски и Наталија Спиркоска, кои истовремено ја истакнаа важноста од користење на еколошки превозни средства, како замена на моторните возила кои предизвикуваат загадување на животната средина.

 

Европската недела на мобилност  се одбележува во 3.000 европски градови и педесетина земји. Општина Прилеп се приклучи кон одбележувањето, чија годинешна тема е „Пешачи со нас“, со цел да се промовира безбедното пешачење и возењето велосипед.

 

Би можело да ве интересира

Советот на Општина Прилеп ја одржа 37 та седница, прва за 2024 та година

Пела Редакција

Започна пријавувањето на штети од невремето во крушевско

Гордана Цветаноска

Македонски научни институции: Унилатералната изјава на РС Македонија е груб фалсификат !

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе