16.9 C
Прилеп
недела, 8 септември, 2024
Пела Радио

Прилепскиот музеј и театар сега пристапни и за лицата со попреченост

 

ЈУ Завод и Музеј Прилеп и Прилепскиот театар „Војдан Чернодрински“ направија културата да биде достапна и до лицата со попреченост.  И, едната и другата институција, поставија пристапна рампа за поголема достапност на лица со попреченост во театарот и музејот.

„Целта е да се доближат сите наши поставки до сите граѓани , вклучувајќи ги тука и лицата со посебни потреби, кои немаа можност досега , заради непристапноста на инстуцијата, Завод и Музеј Прилеп, да ги посетат нашите поставки и да се запознаат со култрното историско наследство со кои располата Завод и Музеј Прилеп.

Сега тоа можат да го направат и лицата со попреченост,на што сме посебно горди„ –  истака Благоја Атанасоски,  директорот на Завод и МузејПрилеп

 

сликата е преземена од порталот Инфокомпас

 

Донација за театарот, од училиштето за театар „Чин 4 Сцена 5“  ,пристапна рампа, исто така се најде на монтажа , денска, во тетарот “Војдан Чернодрински“ ,  кои утре ја најавија премиерата за новата престава „Глембаеви“

 

 

 

Ова е сега едно ново, наше време, време на младатат екипа и нашите желби да станеме еден европски театар, со европски репертоар. А исто така со сите можности кои што треба да ги понудиме на публиката. Како што е пристапната рампа за инвалиди, и уредено фоаје каде публикатa ќе има можност да ги види изложени сите награди кои што ги има освоено Народниот театар „Војдан Чернодрински. Публиката треба тоа да го види и не треба тоа да биде скриено во некоја канцеларија каде што многу ретко се влегува таму. Јас се изненадив кога видов колку овој ансамбл има освоено награди. Не зборувам само за последниве 10 или 15 години, зборуваме за години наназад.Сето ова е со помош на нашите донатори, јас незнам дали воопшто сме имале досега донатори кои што сакале да помогнат и да излезат во пресрет.  Во секој случај ние работиме за нашиот град, за нашата публика и заслужуваме и ние и вие малку повеќе“-  истакна в.д директорката на Центарот за култура, Марија Спиркоска Илијеска

Би можело да ве интересира

Во прилепско Канатларци се славеше победата на Ердоган

Елизабета Филипоска

ДА ПОМОГНЕМЕ! Поради не навреме поставена дијагноза, Петар добил сколиоза за која е потребна хирушка интервенција

Елизабета Филипоска

Денеска е храмова слава на Стара Црква се празнува Св.Благовештение, празник на Пресвета Богородица

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе