11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

„Глембаеви, уште една легенда “– иновативен спој на две енергии

Kопродуциски проект чија што премиера е на 7 ми октомври во Народниот театар „Војдан Чернодрински“,  „Глембаеви, уште една легенда “ во режија на Бранко Брезовец, е иновативен спој на двете енергии од актерските екипи од Прилеп и Загреб. Тоа е премиерна изведба како круна на соработката помеѓу НТ „Војдан Чернодрински“ Прилеп и „Еуроказ“, уметничка организација од Загреб. Петмина актери се од Хрватска, а осуммина актери настапуваат од прилепскиот театар.

– Оваа претстава мора да се третира како некоја посебна претстава, како поинаква намера, поразличен естетски и друг пристап и поинаква, различна енергија. Идејата е во тоа што Глембаеви ја изведоа и загребските и прилепските актери, но , еве, во една недела успеавме тоа да го споиме во една претстава. Во време на мојата режисерска работа, оваа претстава е пример како можат да се спојат двете енергии, зашто тоа е нешто што ретко може да се постигне. Не дека не може, туку, единствено стравување е дека енергијата ќе биде превисока, рече режисерот Брезовец.

Претставата „Глембаеви, уште една легенда “ ќе има три изведби во Прилеп, а во ноември ќе се игра во Загреб, исто така 3 пати. Идејата е да се игра многу подолго, а планирана е и европска промоција.

– Што се однесува до мене, овој проект е нешто невидено да се направи и прекрасно е што тоа успеавме да го реализираме. Претходно ние во Загреб имавме неколку претстави, а исто и прилепскиот театар, така што сега тоа го спојуваме во една заедничка претстава, а токму тоа е нешто што јас претходно никогаш не сум го доживеал и прашање е дали некогаш ќе го доживеам. Ние поточно си влегуваме едни во други во улогата, се надополнуваме, ги доловуваме емоциите. Проектот е на границата на експеримент, не само овде, туку и во европската и светската сцена, вели Домагој Јанковиќ кој ја игра улогата на Бароницата Кастели – Глембај.

Од прилепската театарска екипа Даниела Иваноска ја толкува улогата на бароницата Кастели.
Ваквото спојување на две екипи е фантастично. Особена е возбудата од непознатото, одлично се надополнуваме на сцената. Големо искуство и се надевам дека е почеток на практика на соработка и на театарско експериментирање, рече Иваноска.

Во претствата играат: Андон Јованоски, Златко Буриќ, Даниела Иваноска, Домагој Јанковиќ, Зоран Иваноски, Ангела Наумоска, Сузана Брезовец, Димитар Црцороски, Роберт Шпаниќ, Исидор Јованоски, Павле Вркљан, Трајче Иваноски, Игор Трпчески и Ана Митоска Стојаноска. Композитор на музиката е Никола Мицевски, сценограф Ивана Кнез, а за костимите се погрижи Сузана Брезовец.

Би можело да ве интересира

Во Крушево театар „еден маж и повќе жени“

Елизабета Филипоска

Концерт на гитаристот Илија Чакароски

Театарот Златен Елец во Прилеп гостува со претставата „Грета“

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе