Во преполната голема сала ЦК„Марко Цепенков“ во Прилеп со концертот насловен како „Од Нас за Вас“ одбележа 40 години од формирањето од Домот на културата. На прославата присуствуваше и заменик министерот за култура Владимир Лазовски.
На концертот настапија танцовото студио Зодијак, пејачите Ана Митоска,
Илија Белистојаноски и Катерина Попоска, театарот Чин 4 Сцена 5 изведе
извадоци од две претстави, а се претставија октетот Прилеп, КУД „Моминок“ и
„ DOUBLE STRINGS “.
На свеченоста беше потсетено дека на 14 ноември 1979 година бил отворен Домот на
културата, а првата претстава што била изведена била „Факел“ од Коце
Солунски.
-Тешко е да се сублимираат сите активности – концерти, претстави,
изложби, промоции.. што се реализирале во институцијата низ годините, но
сега ЦК„Марко Цепенков“ e вистински репрезент на културата и уметноста, не
само во градот и во Македонија, туку и пошироко – велат од ЦК„Марко
Цепенков“.
По повод годишнината во изложбениот салон беше поставена
рестроспективна изложба на дела од колонијата Дрен.